Genetics Flashcards
Структурно разликуваме каква нуклеинска киселина?
DNA и RNK
Од што доаѓа името нуклеински киселини?
За прв па биле изолирани од јадрото на клетката, нуклеус значи јардо на латински
Каква улога имаат нуклеинските киселини?
Пренесување на наследни својства кај живи организми и синтеза на протеини
Што е основна структурна единица на нуклеинските киселини?
Нуклеоид
Што е нуклеоид?
Основна структурна единица на нуклеинските киселини
Нуклеоид е составен од:
Три соедининија; пентозен шеќер, азотни бази и фосфорна група
Какви можат да се азотните бази?
Пурински; аденин и гванин и Пирамидински; цитозин, тимин и урацил
DNA (својства, улога и опис)
Пентозен шеќер-Деоксирибоза; Пурински: аденин и гванин, Пирамигински: цитозин и тимин; Фосфорна група . Во ДНК се запишани информациите за синтеза на протеини, а со тоа сите информации за единката . DNA е двојно спирална полинуклеотидна низа, се среќава во јадрото на клетката како и во други органели: митохондрии и хлоропласти
RNK (својства, улога и опис)
Пентозен шеќер-Пибоза; Пурински: аденин и гванин, Пирамигински: цитозин и урацил; Фосфорна група . РНК ги пренесува информациите за синтеза на протеини . RNK е единечна полинуклеотидна низа, се среќава во јадрото како и во цитоплазмата на клетката
Нуклеинските киселини се?
Полимери, што значи се изградени од многу нуклеотиди
RNК содржи од — до — нуклеотиди
100 100.000
DNК содржи од — до — нуклеотиди
1.000 1.000.000
А и Т се врзуваат со каква врска?
Двојна водородна
С и Г се врзуваат со каква врска?
Тројно водородна
DNA е иста или различна во сите клетки?
Иста
Какви видови на RNK разликуваме?
iRNA, tRNA и rRNA
iRNA?
Прима информации од DNA за редослед на аминокислени при синтеза на протеини
tRNA?
Ги пренесува аминокиселините до рибозомите каде се врши синтеза на протеини
rRNA?
Ја има во рибозомите и учествува во синтеза на протеини
Репликација?
Репликацијата е процес во кој од една молекула ДНК се создаваат 2 нови молекули ДНК. Прво се дуплира па се дели наследниот материјал. Репликација се одвива во јадрото на клетката. Двојно спирална низа на ДНК се расплетува целосно со кинење на водородните врски и врз основа на старите низи се создаваат две нови. Новите 2 молекули на ДНК во себе содржат една од старите низи и една нова низа,во која базите се поврзуваат: Аденин со Тимин(преку двојна водородна врска) и Цитозин со Гванин преку тројна водородна врска. Ензим во днката кој помага во репликација е ДНК полимераза.
ДНК полимераза?
Ензим во днката кој помага во репликација
Транскрипција?
Транскрипција е процес на создавање на РНК,при што РНК ги препишува информациите од ДНК,за таа цел ја користи како калап ДНК. ДНК се расплетува само на еден мал дел и се формира ТРАНСКРИПЦИСКА ЕДИНИЦА . Ензим кој го потикнува овој процес е РНК полимераза. Почетниот дел на Транскрипциската единица каде започнува создавањето на РНК се нарекува Промотор. Местото каде завршува процесот на транскрипција се нарекува Терминатор. При Транскрипцијата се пренесуваат наследните информации од ДНК врз РНК и се одвива во јадрото на клетката ,а потоа РНК излегува во цитоплазмата каде ќе учествува во синтеза на протеини за потребите на клетката. По завршување на транскрипцијата ,се губи транскрипциската единица,а водородните врски повторно се поврзуваат во ДНК и ја враќаат во првобитната форма.Новата РНК ќе ги има базите кои одговараат на ДНК, каде Аденин се поврзува со Урацил,а Цитозин со Гванин.
Промотор е?
Почетниот дел на Транскрипциската единица каде започнува создавањето на РНК
Терминатор е?
Местото каде завршува процесот на транскрипција
разликуваме Три типа на пренесување на генетичката информација:
Репликација, транскрипција и транслација
ТРАНСЛАЦИЈА е?
Процес за синтеза на протеини и се одвива во цитоплазмата на клетката. Започнува кога рибозомот ќе се поврзе со iRNA, и почнува да ги чита кодоните кои ја носат информацијата каков протеин треба да се создаде. Транслацијата секогаш започнува од СТАРТ-кодон, a првата аминокиселина, соодветна на него е МЕТИОНИН. Редоследот на наредите аминоиселини кои ке бидат донесени од tRNA,ке зависат од наредните кодони што ќе ги прочита рибозомот. ТРАНСЛАЦИЈАТА ЗАВРШУВА КОГА РИБОЗОМОТ КЕ ДОЈДЕ ДО СТОП-КОДОН (кој уште се нарекува
БЕСМИСЛЕН КОДОН –бидејќи рибозомот престанува да ги ЧИТА кодоните )
Опис на тРНА
tRNA е мала во вид на детелина,која на едниот крај носи една од аминокиселините,а на другиот крај е АНТИКОДОН -от
АКТИВАЦИЈА-е?
процес кога една од аминокиселинатите ќе се поврзе со соодветната tRNA (има 20 аминокиселини и исто толку tRNA )
Елонгација е?
Во рибозомот има а и п место. А МЕСТОТO ЈА ПРИМА tRNA ,потоа оди во П МЕСТО КАДЕ ЈА ПРЕДАВА И ПОВРЗУВА АМИНОКИСЕЛИНАТА (со пептидни врски )СО ДРУГИТЕ АМИНОКОСЕЛИНИ (создавање на полипептидот-протеинот). РАСТЕЊЕ НА ПОЛИПЕПТИДОТ со додавање на нови аминокиселини СЕ НАРЕКУВА
Завршни кодони се:
UAA,UAG,UGA
Правило за поврзување на пуринските (А, G ) со пирамидинските (С, Т, U) бази
во ДНА А – Г и С—Т во РНА А–U И С—Г
ФЕНОТИП
претставува надворешен изглед на единката
ГЕНОТИП
претставува збир на гени во телесна клетка,со сите карактеристики на наследниот материјал.
ГЕНОМ
претставува збир на гени во една полова клетка-гамета,каде наследниот материјал е двојно помал во однос на телесната клетка.
ГЕН
е најмал носител на наследните својства, и претставува сегмент(секвенца) од ДНК молекулата кој опфаќа неколку нуклеотидни парови.
Местото каде е сместен генот се нарекува
ГЕНЕТСКИ ЛОКУС
ГЕНЕТСКИ ЛОКУС е
Местото каде е сместен генот
Поделба на гените според функцијата:
структурни и регулаторни
Структурните гени:
ја определуваат структурата на протеините , а со тоа се определуваат сите својства на видот
Регулаторни гени:
ја регулираат функцијата на структурните гени, така што определуваат кои белковини и во колкави количини ќе се синтетизираат во клетката
АЛЕЛИ се?
секој ген има по 2 алели сместени на хомологните хромозоми по еден , и се одговорни за едно исто својство ( Пр, бојата на очите,косата,кожата….)
Особини на гените и нивните алели
Пенетрабилност и Експресивност
ПЕНЕТРАБИЛНОСТ е?
означува со каква фреквенција се јавува генот во една популација.Пр.светлата боја на очи кај нас , се среќава со мала фреквенција
ЕКСПРЕСИВНОСТ-
означува степен на фенотипска изразеност на генетските алели.
Според експресивноста алелите можат да бидат :
ДОМИНАНТНИ-со изразено својство и се бележи со голема буква ( А,К,С) и РЕЦЕСИВНИ-со притаено својство и се бележи со мала буква (а,к,с)
Според пенетрабилноста и експресивноста алелите може да бидат-
Хомозиготни и хетерозиготни алели
Хомозиготни алели се:
се алели на еден ист ген кои се идентични во пенетрабилноста и експресивноста (Пр.АА, аа,РР,пп….)
Хетерозиготни алели се:
различни, и едниот е доминантен а другиот рецесивен. Пр.Аа,Рр