Kk-i na elementi na reg i nivno vlijanie Flashcards
Како може да се однесува системот во текот на преоден процес?
Тој може да се однесува стабилно, нестабилно и осцилаторно.
Какво е стабилното, нестабилното и осцилаторното однесување?
Стабилно однесување е кога со ограничен влез реагира со ограничен излез и регулираната големина по завршувањето на преодниот процес достигнува стац. состојба.
Нестабилно е кога со ограничен влез реагира со негораничен излез и регулираната големина по завршување на преодниот процес не достигнува стац. состојба.
Осцилаторно однесување е кога излезот постојано осцилира.
Кои се условите за нестабилен САУР?
φ(ω0)=180°
Α(ω0)=1
Како гласат критериумите на Стодола?
F(p)=(Y(p))/(X(p))
F(p)=(1+p)/(1+2p+3p^(2))
Со користење на Најквистов дијаграм, каков е стабилниот, нестабилниот и осцилаторниот САУР?
Стабилен ако Αφ к-ка на системот не ја опфаќа точката (-1,ј0) за Ɐf(0,∞ )
Нестабилен ако Αφ к-ка на системот ја опфаќа точката (-1,ј0) за Ɐf(0,∞ )
Осцилаторен ако Αφ к-ка на системот ја допира точката (-1,ј0) за Ɐf(0,∞ )
Како изгледа графикот на монотоно стабилен систем?
Како изгледа графикот на периодично стабилен систем?
Како изгледа графикот на периодично стабилен систем од повисок ред?
Како изгледа графикот на монотоно нестабилен систем?
Како изгледа графикот на периодично нестабилен систем?
Како изгледа графикот на систем на граница на стабилност?
Кои се параметрите за оценка на квалитет на регулација на систем?
Мртво време (Tm)
Време на пораст (Tp)
Време на регулација (Tr)
Статичка грешка (ξs=x/(1+k))
Динамичка грешка(ξd(jω)=X(jω)/(1+Kω))
Што е мртво време, време на пораст и време на регулација?
Мртво време е времето потребно на системот да достигна 10% од стационарната вредност.
Време на пораст е потребното време на системот да се зголеми од 10% до 90% од стационарната вредност.
Време на регулација е заклучок на преодните појави и важи условот |X-Xstat|<δ
δ- вредност од 1% д0 5% определена од точноста на системот
Која законитост важи за стабилните системи?
TrXmaxξs=const.
Што е синтерување?
Синтерување е постапка на добивање метални структури со т.н. металургија во прав.
Како се одвива синтерувањето?
Мешање на правот на различни метали
Пренесување на мешавината во матрици
Под температура и притисок во печка за синтерување, честичките се сврзуваат една со друга.
Што треба да обезбеди печката за синтерување?
Да има заштитен гас и нејзината температура да е константна и деловите кои се синтеруваат да поминат точно определено време во печката.
Што е анализа на регулационо коло?
Анализа на систм започнува од зададените параметри на процесот т.е. Х и регулациониот елемент. Одзивот се наоѓа со диференцијална р-ка на регулационото коло и решението се оценува според стабилност, точност и брзина на истиот.
Што е синтеза на регулационо коло?
Синтезата започнува со возбудата и одзивот кој го дава регулациониот елемент па се бараат параметрите на истиот.
Кои се чекорите на синтезата?
- Проучување на системот заедно со ефектот од наворешните услови, чувствителноста на одзивот, работна точка, статичката к-ка и динамичката к-ка
- Смислување структурата на регулациониот елемент вклучувајќи ги параметрите на елементот, тестирање на елементот и корекција на истиот.
Каков е идеалниот мерен член?
Неговата статичка к-ка е присбособена на животниот век на елементот и менувањето на надворешните услови и одзивот е идеално брз.
Каков е реалниот мерен член?
Неговата статичка к-ка да биде што помалку инфлуенсирана од надворешните услови и да нема изобличувања т.е. да остане во дефинираните граници и опсегот на мерење.
Наброј синоними на детектор
Мерен претворувач, трансмитер, давач, сензор
Како се делат детекторите според нивниот излезен сигнал?
Електрични и механички
Колку к-ки има еден детектор?
Мерно подрачје
Мерен опсег
Мерен сигнал
Грешка
Статичка, Динамичка и Додатна грешка
Чувствителност
Сетилен елемент
Објасни го мерното подрачје на детекторот
Подрачјето кое ги опфаќа вредностите на мерената и процесна велеичина за која детекторот се употребува, изразена е од најмалата и најголемата вредност на мерената величина.
Објасни го мерниот опсег на детекторот
Опсегот на промените на мерената процесна величина и е разлика на вредностите на горната и долната граница на мерното подрачје.
Објасни го мерниот сигнал на детекторот
Континуирано менлива величина аналогна на промените кај мерената величина. Тоа е всушност излезот на детекторот. Дигиталните детектори даваат дискретен сигнал во нумеричка форма.
Објасни ги грешките на детекторот
Статичката грешка е отстапување од вистинската вредност на мерената величина кога истата е константна.
Динамичката грешка се јавува поради интертноста на подвижните елементи кај детекторот.
Додатната грешка се јавува поради промени на надворешните услови.
Објасни ја статичката к-ка на детекторот
Зависноста на излезот од влезот
Објасни ја чувствителноста на детекторот
S=dY/dX и е најмалата промена на влезот што може да се направи и да има промена кај одзивот.
Што е температурата?
Топлинска состојба на телата и нивната способност за пренос на топлината на други тела.
Примери за детектори на температура?
Биметал
Гасен термометар
Термоелемент
Како може да се пренеси топлина?
Провод, пренос и зрачење.
Што е зрачење на топлина?
Ширење на топлина преку електромагнетен бран.
Што е проведувањето на топлина?
Ширење на топлина низ цврсти тела, течности и гасови.
Што е пренос на топлина?
Ширење на топлина при движење на течности и гасови.
Како работи биметалот?
При промена на температура, биметалот се превиткува повеќе или помалце.
Како работи гасниот термометар?
При промена на температура еластичната цевка се завртува.
Како работи термоелементот?
При промена на температура, на краевите на термоелементот се појавува пад на напон наречен термонапон.
Дефинирај притисок
Притисок е сила на единица површина
Како работат детекторите на притисок?
Тие чувствуваат промена на притисок со механички сетилен елемент кој воспоставува одредена рамнотежа на силите како резултат на деформацијата од промената во притисокот.
Како гласи формулата за пресметка на pH фактор?
nPh=logCH
Како се класифицарина pH скалата?
1 - јака киселина
7 - база
14 - јака база
Што е проток?
Движење на флуиди, течности или гасови во единица време.
Што е масен, а што волуменски проток?
Волуменски проток е волумен на флуид што протекува во единица време
Масен проток е маса на флуид што протекува во единица време
Како работат детекторите на проток?
Има 3 начини на работа кај овие детектори и тоа:
Сетилен елемент којшто работи врз разлика на притисоците
Механички сетилен елемент т.е. транслаторен или ротационен
Сетилен елемент којшто работи врз база на својствата на флуидот
Која е улогата на извршниот член?
Да дејствува врз процесот согласно со законите за управување.
Кои се составните делови на извршниот член?
Извршен погон и извршен елемент.
Што е извршниот погон?
Во општ случај, тоа е мотор којшто го претвора излезот од регулационото коло во механичка моќност за да се придвижи извршниот елемент.
Што е извршниот елемент?
Дел од извршниот член што дејствува врз материјата/енергијата во управување со објектот.
Што е вентил?
Пропусник на одредено количество флуид што се огледува во зголемувањето на отворот на проточната цевка т.е. зголемување на протокот.
Како се делат вентилите според статичките карактеристики?
Ги делиме на статички и логаритамски.
Каков вентил е статичкиот вентил?
Протокот кај овај вентил линеарно зависи од поместувањето на подвижниот елемент кај вентилот.
Каков вентил е логаритамскиот вентил?
Тоа значи дека процентот на одот на подвижниот дел е пропорционален со процентот на протокот.
Што е регулатор?
Регулатор е уред или множество на уреди кои ја овозможуваат автоматската регулација.
Кои се составните делови на регулаторот?
Компаратор
Регулационен член
Регулационен засилувач
Што е компараторот?
Компараторот служи вредноста која влегува во регулаторот да ја спореди со зададената вредност и подоцна да се преобликува.
Што е регулационен член?
Дел од регулаторот што го обликува сигналот.
Што е регулационен засилувач?
Елемент во регулаторот којшто го засилува сигналот бидејќи во процесот тој губи енергија.
Како се делат регулаторите според намена?
Теснонаменски и Универзални
Како се делат според употребата на додатна енергија?
Регулатори со директно и индиректно дејство.
Како се делат според математичката врска на излезната и влезната големина?
Линеарни и Нелинеарни.
Како се делат според одзивот?
Континуални и дискретни
Како се делат регулаторите според законот на управување?
Пропорционални
Интегрални
Диференцијални
Пропорционално-интегрални
Пропорционални-диференцијални
Пропорционално-диференцијално-интегрални
Каков е пропорционалниот регулатор?
Тој се нарекува така поради неговата пропоционална зависност на излезот од влезот.
Формулата гласи: Yp(t)=KpX(t)
Тој е брз но непрецизен и нема компензација за статичката грешка.
Каков е диференцијалниот регулатор?
Тој се нарекува така поради диференцијалната зависност на излезот од влезот.
Формулата гласи: Yd(t)=KpTd(dx/dt) каде Td е диференцијално време.
Негови особини се тоа што подобро пренесува шумови одколку корисни сигнали.
Каков е интегралниот регулатор?
Тој се нарекува интегрален поради интегралната зависност на излезот од влезот.
Формулата гласи: 1/Ti ∫ X(t)dt
Тој се одликува со неговата прецизност но реперкусија е неговата бавна брзина на регулација.
Како се добива PI регулатор, како гласи неговиот одзив по формула и каков одзив има?
Со паралелна врска на P и на I регулатор.
Ypi(t)=KpX(t) + 1/Ti ∫ X(t)dt
Како се добива PD регулатор, како гласи неговиот одзив по формула и каков одзив има?
Со паралелна врска на P и на D регулатор
Ypd=Kp[X(t) + Td*dx/dt]
Како се добива PID регулатор, како гласи неговиот одзив по формула и каков одзив има?
Со паралелна врска на P, I и на D регулатор.
Ypid(t)=KpX(t) + 1/Ti ∫ X(t)dt + KpTddx/dt
Што значи нагодување на регулатор?
Одредување на параметрите на истиот со достигнување на граница на стабилност.
Кои се параметрите за нагодување?
Графичко подрачје: Xp=Yh/(Kp*Xm) * 100 [%].
Интегрално време (Ti)
Диференцијално време (Td)