JENKINS Flashcards
Што значи CI/CD?
CI - континуирана интеграција. Интегрирање на код од повеќе девелопери во споделен репозиториум. Помага да се пронајдат грешки порано и ни гарантира дека кодот функционира.
CD - континуирана испорака - Автоматски да се применат промените врз околините на продукција. Им овозможува на тимовите брзо да испорачуваат нови можности и поправки на крајните корисници со минимална рачна работа.
Кои се предностите кои ги нуди CI/CD
Брза испорака, намален ризик од грешки во продукција, подобрена соработка помеѓу девелопери и оператори.
Што е Jenkins?
Jenskins е сервер за авоматизација со отворен код кој се користи за имплементација на CI/CD pipelines.
Нуди веб интерфејс за конфигурација на автоматизацијата како и интеграција со разни алатки и додатоци.
Предности од користење на Jenkins?
Работи на многу платформи и со многу програмски јазици. Нуди можност за интеграција со различни алатки и сервиси во повеќе фази на CI/CD pipelines.
Што е Docker-in-docker
Стартување на докер контејнер во докер контејнер со цел да може во горниот контејнер да се извршуваат докер команди.
Со кој сервис може да се добие привремена јавна адреса?
ngrok
Што користи Jenkins за менаџирање на pipelines?
Blue Ocean
Што е blue ocean
Plugin на Jenkins кој нуди лесна и интуитивна визуелизација на pipelines. Нуди pipeline едитор кој го олеснува создавањето на pipelines. Има интеграција за гранки и pull requests што овозможува максимална продуктивност за колаборација на код во GitHub и Bickbucket.
Што содржи Jenkinsfile?
Дефиниција на Jenkins Pipeline.
Какви pipeline синтакси постојат?
Декларативна и Скриптирана (Declarative and Scripted pipeline)