GITHUB Flashcards
Што претставува Source (Version) Control?
Source control е витална компонента од животниот циклус за развој на софтвер. Овозможува:
Пратење на промени, преглед на историја на промени, интеграција со околини за развој на софтвер, автоматизација, итн.
Познати Source Control Management системи?
Git, Subversion, Mercurial, Perforce, CVS..
Точно или грешно:
Постојат локални, централни и дистрибуирани VCS системи.
Точно.
Што е git и што овозможува?
Git e version control system кој се корист за пратење на промени во изворниот код за време на развој на софтвер.
Овозможува:
Колаборативна работа на повеќе девелопери, работа на различни гранки, навраќање на претходни верзии, итн.
Кои се трите главни состојби во кои можат да бидат фајловите на git?
Modified, staged и commited.
Кога го обележуваме променетиот фајл и ја спремаме неговата моментална верзија за следниот commit, од која во која состојба преминува фајлот?
Преминува од modified во staged.
Што претставува состојбата commited?
Податоците се безбедно зачувани во нашата локална база на податоци
Со која команда се иницијализира репозиториум во веќепостоечка дадотека?
git init
За што се користи git add?
За променетите документи да преминат од modified во staged
Со која команда се прави commit?
git commit
Како да провериме дали состојбата на гранката во репозиториумот е во тек со локалната база?
git status
Животен циклус на датотеките?
Untracked -> (add file) -> staged
Unmodified -> (edit) -> modified -> (stage) -> staged
Staged -> (commit) ->unmodified
Unmodified -> (removed) -> untracked
Со која команда се проверува краток статус на гранка?
git status -s
Која наставка ја има датотеката која кажува какви датотеки да не се прикачуваат на репозиториумот?
.gitignore
Доколку сакаме да корегираме скорашен commit која команда се користи?
git commit –amend