E2 Flashcards
Кои се последиците од војната меѓу Италија и Османлиската Империја во
1911 година
Османлиската Империја брзо била поразена и принудена да и отстапи територии
на Италија.
Наведи ги причините за длабоката општествено-политичка криза во која
влегло Османлиското Царство кон крајот на XVIII и почетокот на XIX век
Распаѓањето на тимарско-спахискиот систем, тенденциите за осамостојување и
сепаратизам на разни паши и бегови и честите војни во кои Османлиската империја
е поразена по што со мировните договори губи големи територии.
Кога почнало Првото српско востание, под чие водство и како завршило?
1804 г. под водство на Караѓорѓе Петровиќ и завршило со пораз на востаниците во
1813 г
Поради апсолутистичкото владеење Кнезот Михајло (синот на Милош
Обреновиќ) морал да избега во Австрија. Кој е избран да дојде на негово
место на кнежевскиот српски престол и што прави тој потоа?
За кнез во 1842 година е избран Александар Караѓорѓевиќ кој потоа донел
реформаторски закони со кои се зголемуваат правата на граѓаните на
кнежевството, но по конфликтите со членови на државниот совет е принуден да
абдицира во 1858 година по што на престолот повторно доаѓа Милош Обреновиќ.
Кога Србија станува кралство и кој е првиот крал?
Во 1882, а прв крал е Милан Обреновиќ
Општо земено кои се причините за востанијата на балканските народи?
Самоволието на османлиските службеници, желбата на христијаните за
рамноправност, желбата за автономија, ширењето на слободарски идеи од Европа
и воопшто тешкиот живот под власта на Османлиите.
Зошто Османлиската Империја никогаш целосно не ја потчинила Црна Гора
Поради тешко пристапниот планински терен и борбеноста на населението
Кога Црна Гора станува кралство и кој е првиот крал
Во 1910 г. а првиот крал е Никола Петровиќ
Кога почнало Априлското востание и како завршило
Во Април 1876 г. со пораз на востаниците
Што се предвидувало со Прелиминарниот мировен договор потпишан во
Сан-Стефано на 3 март 1877 година?
Формирање на голема Бугарија што требало да се ја зафаќа територијата од Дунав
до Егејско море и од Црно море до Охридско Езеро
Што се случува во 1885 година со Бугарија
Кнежевството Бугарија се обединува со Источна Румелија, Србија се обидува да
го спречи ова, но е поразена во битката кај Сливница
Кои сили се носители на идејата за ослободување на Грција
Богатите трговци, интелектуалците и црквата
Кога и со кого на чело грчките востаници прокламирале независност и
формирале влада
Во 1822 година Конгресот од Епидавар ја прокламира независноста на Грција по
што е формирана првата влада на чело со Александрос Маврокордатос
Кого султанот ќе повика на помош за да го задуши Грчкото востание
Ибрахим паша од Египет
Како завршило грчкото востание
Завршило со Одринскиот мировен договор во 1829 година со кој се создава
Кралството Грција на чело со Отон I од Баварија.