E1 Flashcards
Султаните Селим III, Мухамед II и Абдул Меџид I прават обиди за реформи
наведи ги позначајните со дати на донесување!
Распуштањето на јаничарската војска во 1826 година, укинувањето на тимарско-
спахискиот систем во 1834 година, Ѓулханскиот хатишериф во 1839 со кој сите
османлиски поданици биле изедначени пред законот
Кои се последиците од Балканските војни за Османлиската Империја?
Загуба на најголемиот дел од владенијата на Балканот, а во нејзин посед ќе остане
само Источна Тракија со градот Одрин
Кога почнало Второто српско востание, под чие водство и како завршило?
1815 г. под водство на Милош Обреновиќ и завршило со преговори со
Османлиската Империја и добивање автономија.
Кога Србија добива независност и ја проширува својата територија
На Берлинскиот конгрес во 1878 г
Кога е извршен Мајскиот преврат и кој е донесен на престолот
Мај 1903, а на престолот е донесен Петар I Караѓорѓевиќ
Општо земено кои се последиците од востанијата на Србите, Грците и
Бугарите?
Прво надмоќта османлиска војска победува и врши злосторства над населението
по што интервенираат големите сили и наведените балкански народи добиваат
свои држави
Кои црногорски владетели се значајни за воспоставување на основните на
државата?
Петар I и Петар II Петровиќ Његош
Кога Црна Гора е призната за независна држава?
На Берлинскиот конгрес во 1878 г
Кога е формирана Бугарската егзархија и што преставува таа?
Во 1870 г. и ќе биде единствената словенска православна црква во Османлиската
Империја
Кои се одлуките на Берлинскиот конгрес во врска со Бугарија?
Ревидирани се одлуките од Санстефанскиот мировен договор по што се
формираат: Кнежевство Бугарија на чело со кнезот Александар Батенберг и
Автономна област Источна Румелија.
Кога Бугарија станува самостојна
Во 1908 година кога Фердинанд Сакскобургготски се самопрогласил за цар
Кој прв ја истакнал идејата за ослободување на Грција и по неговата смрт
која илегална организација се обидела да ги реализира?
Ригас Фереос, а по неговата смрт неговите идеи ќе ги продолжи организацијата
Филики Етерија формирана 1814 година во Одеса
Кога и како почнало Грчкото востание
Во март 1821 година почнало востание во Молдавија и Влашка на чело со
Александар Ипсилантис кое е брзо поразено, но востанието продолжило во Грција
на Пелопонез
Наведи ги трите привремено отцепени од централната власт албански
пашалаци создадени во XIX-от век!
Скадарски, Јанински и Бератски.
Напиши што знаеш за последната голема поморска битка во историјата која
се водела целосно со бродови со едра во 1827 година кај заливот Наварино?
Тоа била голема поморска Битка меѓу Британската, Француската и Руската флота
од една страна и Османлиската и Египетската флота од друга страна. Во Битката
била поразена Османлиско-египетската флота