Предмет и задаци на науката за јазикот Flashcards
лекција 2 [тема 1]
Кои се основни задачи на науката за јазикот ?
Природата на јазикот, структурата на јазикот, функционирањето на јазикот и методите на проучување на јазикот
Каква е знаковната природа на јазикот ?
Знаковната природа се заснова врз принципот на симболизација- врз претставување на даден предмет од реалноста со јазичен знак.
Што му овозможуваат јазичните знаци на човекот ?
Со помош на јазичните знаци човекот поставува однос меѓу системот од реалноста што го опкружува како и од својот замислен свет и- системот на јазикот.
Каква е врската меѓу јазикот и општеството ?
Меѓу јазикот и општеството постои заемен однос. Без јазик нема општество и без општество нема јазик.
Што ни овозможува јазикот ?
Со јазикот човекот ги искажува своите мисли и потреби
Која е естетската природа на јазикот ?
Преку естетската функција, човекот ги искажува своите чуства за убавото и задоволствата занего [креирање на уметнички дела]
Секој јазик се опишува како единство од … ?
две рамништа.
Рамниште на форма [гласови,зборови, реченици]
Рамниште на содржина [значењето на јазичните единици]
Што проучува фонетиката ?
изговорот и сврзувањето на гласовите
Што проучува фонологијата ?
гласовите како смислоразликувачки единици
Што проучува морфологијата ?
рамништето на формите на зборовите
Што проучува синтаксата ?
комбинирањето на зборови во реченици
Што проучува лекцикологијата ?
јазикот од гледна точка на неговиот речнички состав
Што проучува збороизведувањето ?
начинот на изведување на зборовите
Што проучува семантиката ?
значењето на зборовите