Наука за јазикот Flashcards
лекција 1 [тема 1]
Како се нарекува науката за јазикот ?
Општа лингвистика
Каква наука е општата лингвистика и со кои науки се надоврзува ?
Општата лингвистика е современа наука и и зазема значајно место во системот од современи науки. Таа се надоврзува со граматиката и филологијата.
Што е граматиката, кога се појавила, што проучува.. ?
Граматиката го разгледува јазикот како систем од граматички правила и се залага за правилна употреба на јазикот. Таа се појавува во античко време и правилата најпрво биле дефинирани врз старогрчкиот јазик па потоа врз латинскиот. Подоцна овие правила се примениле врз европските јазици.
Што е филологијата и кога се појавила ?
Филологијата е научна дисциплина која го проучува јазикот како средство за култура. Се појавила кон крајот на 18 век.
Кој е предмет на интерес на филологијата ?
Филологијата се залага за развојот на културите на народите со подолга традиција. Се интересира за писмената традиција, за јазикот, за старите ракописи, за нивната содржина, начинот на кој се напишани, фолклорот..
Што се десило во почетокот на 20 век ?
Се јавува значаен пресврт каде наместо старите јазици и нивниот развој предмет на интерес е живиот јазик.
Кој е задолжен за оваа промена ?
Фердинанд де Сесир - швајцарски лингвист
Која е неговата теорија за јазикот ?
Преку неговата теорија за јазикот, лингвистиката се издвојува од филологијата и се претставува како наука со прецизно избран предмет и прецизна методорологија.