trgovsko pravo lekcii 17-23 Flashcards

1
Q

Дефинирај го АД

A

АД е т.д. кое со статутот има определена и во еднакви делови поделена основна главница каде акционерите учествуваат со по една или повеќе акции.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

Кои карактеристики ги има АД?

A

1) АД е друштво на капитал
2) АД има основна главница која е поделена на еднакви делови
3) АД станува правен субјект од моментот кога ќе се регистрира во трговски регистар
4) АД може да се оснива и да го сголемува својот капитал преку јавен повик
5) АД можат да го осниваат 2 или повеќе јавни или физички лица
6) АД за обврските кон доверителите одговоара со целиот свој имот, а додека акционерите не одговараат за обврските на АД

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

Дефинирај кои лица се акционери

A

За акционери се сметаат сите физички или правни лица кои се запишани во книгата на акции во централниот депозитор на хартии од вредност

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
4
Q

На кои начни може да се оснива АД според законот за т.д.?

A

Според законот на т.д. АД може да се оснива на 2 начини и тоа:
1) Симултано
2) Сукцесивно

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
5
Q

Колку изнесува основната главница ако АД се оснива симултано, а колку сукцесивно?

A

Основаната главница на АД ако се оснива симултано не смее да биде помала од 25000 евра во денарска противредност, додека ако се оснива сукцесивно, тогаш не смее да е помала од 50000 евра во денарска противредност

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
6
Q

Кажете колку треба да изнесува номиналниот износ на акцијата?

A

Номиналниот износ на една акција не смее да биде помал од 1 евро

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
7
Q

Што е акција? (Деф.)

A

Акциите се сопственички харти од вредности кои претсавуваат доказ за сопственоста на дел од основната главница на АД

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
8
Q

Какво право може да има имателот на акции?

A

Имателот на аскции (акционерот) се стекнува со право на учество во распределба на добивката (дивидендата) но исто така во зависност од видот и родот на акциите имаат право да учествуваат и во управувањето со АД.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
9
Q

Кои се трите основни значења на зборот акција?

A

3-те основни значења на зборот акција се:
1) Со зборот акција се означува дел од основната главница на АД
2) Со зборот акција се означува членство во АД
3) Со зборот акција се означува писмена исправа со која АД потврдува дела акционерот поседува влог или удел во основната главница на АД

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
10
Q

Какви вредности среќаваме кај акциите и да се објаснат.

A

1) Номиналната вредност на акцијата е онаа која е назначена на самата акција
2) Билансната вредност се добива кога номиналната вредност ќе ја зголемиме онолку колку што има резервен фонд (номинална вредност + резервен фонд = билансна вредност)
3) Пазарна вредност е онаа што ја одредува пазарот, т.е. вредност по која акцијата се купува и продава на берзите.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
11
Q

Кои категории на акции ги знаеме и какви видови акции има во нив?

A

Разликуваме 3 видови акции и тоа:
1) Според сопственост на акцијата има:
А) Акции што гласат на име
Б) Акции што гласат на доносителот

2)Според редоследот на издавасње (емитување)
А) Акции од 1-ва емисија (основни акции)
Б) Акции од 2-ра емисија и понатаму…

3) Според содржината на правата во акцијата имаме:
А) Обични акции
Б) Приоритетни акции

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
12
Q

Од колку делови е составена акцијата и да се објаснат.

A

Акцијата е составена од 3 дела и тоа:
1 дел - се означува како обвивка на акцијата која мора да содржи некои соновни елементи од одлуката за издавање акции
2 дел - купонски табак кој ги содржи купоните за наплата на дивидендата
3 дел - талонот со кој сопственикот на акцијата го остварува правото за добивање на нов купонски табак за наплта на дивиденда

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
13
Q

Кои се обични а кои проиритетни акции и да се објаснат.

A

Обичните акции се најчест вид акции кои можат да гласат и на име и на доносител. Ваквите видови акции на сопственикот му даваат право да учествува во управувањето на АД, но и во распределва на добивката (дивидендата), додека приоритетните акции се ониекои на сопственикот му даваат поголеми права отколку обичната акција.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
14
Q

Кои приоритети треба да ги има приоритетната акција?

A

Тие привилегирани права можат да бидат:
1) Право на првенствена наплата на добивката - дивиденда
2) Првенствена наплата на акцијата доколку АД оди во стечај или ликвидација.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
15
Q

Кои акции гласат на име а кои на доносителот?

A

Акции кои гласат на име се оние на кои е наведено името на нивниот сопственик, додека акции кои гласат на доносителот се оние каде не е наведено името на сопственикот, но за сопственик се смета лицето што ја поседува писмената усправа за акцијата.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
16
Q

Според какви системи може да се одвива управувањето со АД?

A

Управувањето со АД во пракцата може да биде според едностепен систем и двостепен систем на управување

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
17
Q

Од колку членови е составен одборот на директори кај едностепениот систем на управување?

A

Кај едностепениот систем на управување одборот на директори може да има од 3 до 15 членови

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
18
Q

Кои се извршни а кои неизвршни членови директори?

A

Извршни директори претежно го претставуваат менаџерскиот тим на АД и се задолжени во управувањето и раководењето на АД, го застапуваат АД кон трети лица и еден од директорите во одборот е избран за главен извршен директор

Неизвршни директори имаат право да вршат надзор над целокупното работење од страна на работење на извршните членови, ги контролираат трговските книги, годишните сметки, финансиските извештаи итн…

19
Q

Кои се двата органи на управување кај двостепениот систем на управување?

A

Двата органи кај двостепениот систем на управување се:
1) Управниот одбор
2) Надзорен одбор

20
Q

Од колку членови е составена управниот одбор, а од колку надзорниот одбор во АД?

A

Управниот одбор може да е составен од 3 до 11 членови, а пак надзорниот одбор исто така е составен од 3 до 11 членови.

21
Q

За што може да одлучува управниот одбор во АД?

A

Управниот одбор може да одлучува за:
1) Затворање на АД
2) За намалување или проширување на предметот на работење на АД
3) За организациски промени во АД
4) За создавање на долгорочни соработки со други т.д.
5) За оснивање или престанок на подружниците на АД

22
Q

Кои овластувања ги има надзорниот одбор во АД?

A

Насзорниот одбор во АД ги има следниве овластувања:
1) Го контролира управувањето на АД што го врши управниот одбор
2) Врши увид во трговските книги, годишните сметки, финансиските извештаи и на целокупната документација на АД
3) Го свикува акционерското собрание секогаш кога за тоа налагаат интересите на АД

23
Q

Кога престанува правниот субјективитет на т.д.?

A

Престанокот на т.д. сам по себе не доведува и до престанок на правниот субјективитет на т.д. Само после спроведената постапка за ликвидација престанува и правниот субјективитет на т.д. Според тоа, ликвидацијата се јавува како правна последица од престанокот на т.д.

24
Q

Наведете ги случаите на престанок на т.д. (ДОО и АД).

A

Случаите на престанок на т.д. се:
1) Со истек на договорот за оснивање
2) Со статусните промени
3) Со одлука на содружниците - акционерите
4) Со ликвидација или стечај
5) Со судска одлука

25
Кој ја спроведува ликвидацијата?
Ликвидацијата ја спроведуваат физички лица наречени ликвидатори.
26
Која функција ја превземаат ликвидаторите?
Ликвидаторите ја превземаат функцијата на управители во т.д.
27
Која е целта на ликвидацијата?
Целта на ликвидацијата во прв ред е заштита на интересите на содружниците - акционерите.
28
Кои задачи ги имаат ликвидаторите во ликвидационата постапка?
Ликвидаторите во ликвидационата постапка ги имаат следниве задачи: 1) Оформување на ликвидациона маса 2) Подмирување на обврските кон 3-ти лица 3) ОД остатокот на ликвидационата маса да се подмират содружниците - акционерите
29
Што претставува стечајот? (Деф.)
Стечајот претставува посебна судска постапка која се спроведува над имотот на т.д. должник, а при тоа ја спроведуваат судските органи.
30
Кој е целта на стечајот?
Основна цел на стечајот е да овозможи колективно подмирување на обврските кон доверителите.
31
Што е уредено со законот на стечај?
Со законот на стечај, уредени се целите и причините за отварање на стечајна постапка, начинот на водење. стечајниот план, правните последицим подмирувањето кон доверителите, итн...
32
Кога се отвара стечајна постапка според законот на стечај?
Според законот на стечај, стечајна постапка се отвара само доколку има причини за тоа а како причини се: 1) Неликвидноста на т.д. 2) Презадолженост кон доверителите
33
На чии предлог се поведува стечајна постапка?
Стечајна постапка се воведува по предлог на овластени предлагачи (должник и доверител)
34
Кој донесува решение за отварање стечајна постапка?
Решение за отварање стечајна постапка донесува стечајниот совет, секако по првичното изјаснување на должникот, стечајниот управник, итн...
35
На кој начин се известуваат доверителите за отварање на стечајна постапка?
Доверителите за отварање на стечајна постапка се известуваат преку оглас кој е објавен во службен весник на РМ или пак на огласната табла во судовите.
36
Кои елементи ги содржи огласот за отварање на стечајна постапка?
Огласот за отварање стечајна постапка мора да содржи доста елементи како на пример фирма и седиште на т.д. должник, име на стечајниот судија, повик на доверителите да ги пријават своите побарувања, итн...
37
Што опфаќа стечајната маса на т.д. должник и заради што се формира?
Т.д. кое е во стечај формира стечајна маса која се состои од парични и непарични средства на т.д. должник на денот на отварање на стечајната постапка како и средствата што ќе се остварат во текот на самата постапка. Целта на стечајот е колективното подмирување на обврските кон доверителите преку формирана стечајна маса.
38
Кои се органите на стечајната постапка и да се набројат.
Органи на стечајната постапка се: 1) Стечајниот совет 2) Стечаен судија 3) Стечаен управник 4) Одборот да доверители 5) Собрание на доверители
39
Од колку судии е составен стечајниот совет и за што е надлежен да одлучува?
Стечајниот совет е составен од 3-ца содии од кој еден од нив е претседател на советот. Тие се надлежни за: 1) Поведување на претходна постапка 2) Утврдување на причини за стечај 3) Отварање на стечајна постапка 4) Одлучува по приготвување на управник 5) Одлучува по приговорите на доверителите 6) Одлучува против приговорите на стечајниот судија 7) Ја утврдува и одобрува пресметката на трошоците за стечајната постапка 8) Одобрува исплата кон доверителите 9) Донесува решение за заклучување на стечајната постапка итн...
40
Кој е стечајниот судија и која е неговата задача?
Стечајниот судија е судија поединец кој е надлежен за сите прашања во врска со спроведувањето на стечајната постапка. Тој вршни надзор врз работењето на стечајниот управник и му дава упатства задолжителни за управникот.
41
Кој го определува стечајниот управник и какви обврски има тој?
Стечајниот управник го определува стечајниот совет и негови обврски се: 1) Да ја ажурира книговодствената евиденција 2) Да формира стечајна маса 3) Се грижи за остварување на побарувањата на должниците
42
За што се форимра одборот на доверители и кои права ги има тој?
Одборот на доверители се формира за остварување на побарувањата на доверителите. Овој одбор ги има следните права: 1) Ги разгледува извештаите од стечајниот управник за текот на стечајната постапка 2)Ја разгледува состојбата на стечајната маса 3) Ја разгледува целокупната документација на т.д.
43
Кој учествува во собранието на доверители и какво право има тоа?
Во собранието на доверители учествуваат сите доверители кои ги имаат пријавено своите побарувања на огласот. Собранието во секој момент има право од стечајниот управник да побара извештај за текот на стечајната постапка.