the world after ww`1 Flashcards
Како ги отстапиле своите територии поразените држави?
-Германија ѝ отстапила територии на Франција, Белгија, Данска и Полска.
-Унгарија ѝ отстапила територии на Романија, Чехословакија, Југославија
-Бугарија на Грција, Југославија и Романија
Ревизионистички и антиревизионистички држави?
Ревизионистички држави биле Германија, Унгарија, Бугарија кои сакале да ги ревидираат решенијата на мировните договори.
Антиревизионистички држави биле Англија, Франција и сојузниците кои сакале да го задржат својот политички статус
што е билатерален договор
договор меѓу ДВЕ земји
Светот по ПСВ 1920тите
Жените се дел од работната сила
Многу технички пронајдоци
Расте економијата
Политичката криза во Европа
1929-1939
Цел свет бил допрен од оваа криза но најмногу Германија, Унгарија..
-голем број невработени
-опаѓање на производството
Во кои форми се појавил тоталитаризмот во Европа
-Италија: фашизам
-Германија:нацизам
СССР:сталинизам
Што придонело до кризата во Европа
судирот меѓу ревизионистичките и антиревизионистичките држави
судирот меѓу демократијата и тоталитаризмот
Од каде доаѓа зборот фашизам и симболско значење
Од италијанскиот збор fascio што значи сноп
Симболиката е дека само едно стапче слама е лесно да се скрши но цел сноп не.
Па така го претставува обединувањето.
Како се појавил фашизмот
Италија во ПСВ била на страната на Антантата со цел по војната да ја добие ветената територија на Австроунгарија
Што е фашизмот
Идеологија која ја карактеризираат национализмот, расизмот, антисеминизмот, антикомунизмот и експанзионизмот
Кога се појавил фашизмот
1922
Кој е претставник на фашизмот
Бенито Мусолини
Како настанал фашизмот
Бенито Мусолини формирал сојуз односно партија на фашисти кои се залагале за: национализам,
една раса,
антикомунизам,
апсолутизам,
тоталитарност
Како се формирал нацизмот
По завршувањето на ПСВ империјалистичката влада се распраднала и дошло до криза во државата па била формирана т.н. Вајмарска република. Заради строгите одлуки на Париските договори оваа влада сакала да се ревидираат. Биле бесни за загубата па сметале дека Германија требало да победи во војната. Хитлер ѝ многу други за изгубата ги обвинувал Евреите, дека демек не биле на нивна страна. За што немале факти, односно било подоцна потврдено дека многу евреи меѓу кои и Ото Франк се бореле за Германија во битката на реката Сома
Зошто Хитлер ги мразел Евреите
Антисемитизмот постоел одамна. Антисеминизмот е мразење на Евереите и обвинување дека тие се криви за смртта на Исус и постои одамна. Евреите биле омразени заради неточни предрасуди. Хитлер Евреите ги споредувал со бактерии. Велел дека не можеш да ја уништиш болеста без да ги уништиш предизвикувачите. Тоа довело до масакрот на Евреите во 1940тите
Хитлер ги обвинувал Евреите за се лошо во светот. Не застанува кај Евреите. Мразел се што не е е германско. Сакал Германија да биде „чиста“.
Политиката на Хитлер и Мусолини
Заедно воделе активна политика за ревизија на Париските мировни договори
Оската Рим-Берлин-Токио
1936 Германија, Италија и Јапонија ја формирале оската. Почнале да го ревидираат Парискиот мировен договор со постојани борби и војни. Зеле дел од териториите на многу држави. Учествувале во шпанскаата граѓанска војна на страна на Францес франко кој исто така бил фашист. Јапонија ја нападнала Кина. ВСВ започнала со нападот на Германија против Полска на 1 септември 1939
Кристалната ноќ?
09.11.1938
Првиот вооружен напад над Евреите од страна на германците. Биле запалени синагогите, еврејски училишта, болници и убиени многу Евреи
Џеси Овенс
На Олимписките игри во Берлин, 1936, Џеси Овенс, црнец освоил 4 злата. Ги срушил светските рекорди во 3 од дисциплините. Ова за Хитлер било разочарување. Тој очекувал Германец да победи. Никогаш не му честитал на Овенс. Хитлер бил многу изнервиран од серијата триумфи на прекрасниот обоен американски тркач Џеси Овенс. Луѓето чии претходници потекнувале од џунглата биле примитивни, рекол Хитлер со кревање раменици; нивната градба беше посилна од онаа на цивилизираните бели и затоа треба да бидат исклучени од идните игри“.
Грчко-турска војна?
1919-1922
По ПСВ, Османлиската Империја се распаднала и била поделена на зони на влијанија.
југ-Италија и Франција
Источна Тракија и Смирна-грција
исток-формирана Ерменска република
- сето ова како резултат на Севрскиот мировен договор
-на Турција тоа не и се допаѓало па на чело со Мустафа Кемал извршиле народноослободително движење
-но Грција интервенирала на Мала Азија бидејќи и пријаеле решенијата од Севрскиот мировен договор
-била поразена Грција
Лозански мировен договор?
1923
по победата на Турција во турско-грчката војна бил склучен мировен договор во Лозана
-со тоа Грција и ги отстапила Источна Тракија и Смирна на турција
-биле исселени муслиманите од Грција, и христијаните од Турција
Реформите на Кемал Ататурк?
-укинување на султанатот
-укинување на фереџето и фесот
-реформирана азбуката (арабица — латиница)
-права на жената
-бесплатно образование
-Анкара била прогласена за главен град на Турција
-исламот не бил веќе државна религија
-СО овие реформи ја преобразувал Турција во подобра држава и го добил прекарот Ататурк (татко на Турците)
Турција во Втора светска војна?
Не учествувала, воделе политика „Мир во земјата-мир во светот.“
Ги подобрила односите со СССР, Иран, Ирак, антиревизионистичките балкански републики (РОманија, Грција, СХС)
Причини за формирање на Кралството СХС
Со распаѓањето на Австроунгарија се создала можност за формирање на нови држави. Јужнословенските народи сакале да се обединат. Па така на 30 април 1915 година се формирал Југословенски одбор со седиште во Лондон чиј претседател бил Анте Трумбиќ.
Мислењата на Југословенскиот одбор наспрема мислењата на Србија за создавање на СХС
Југословенскиот одбор ја ширел идејата за обединување на Словенците, Хрватите и Србите.
На оваа идеја работела и српската влада. Главна цел на србите им било формирање на Голема Србија. Односно Југословенскиот одбор сакале да се создаде федерација, а Србија сакале тие да го извршат обединувањето.
Југословенскиот одбор се обидел да го постави и македонското прашање но српската влада го одбила
Крфска декларација?
Била потпишана на 20.07.1917 год и требало идната држава да се вика Кралство на СХС и да биде унитарна монархија на чело со династијата Караѓорѓевиќ.
Реакциите на малцинствата пред формирањето на СХС?
Македонците, па и БиХ, Црна Гора реагирале да се земат во предвид нивните територии, а посебно Македонија за да се разреши прашањето но биле игнорирани
Прогласување на Кралството СХС
на 1.12.1918 во Белград признаена со Версајскиот договор па позната е државата и како Версајска Југославија
Положбата на Македонија во Кралството СХС?
Македонското прашање не било решено. таа само добила нова окупација. Македонскиот народ продолжил да биде асимилиран. СХС не ги гарантирала социјалните, економските и политичките права.