Tema 2 Flashcards

1
Q

ПРИРОДЕН ПРИРАСТ

A

Европа и развиениот свет воопшто, е демографско подрачје со
низок природен прираст, особено од крајните декади на XX век, до денес. Ниската стапка на
новородени (наталитет) и ниската стапка на изумрени (морталитет), се меѓусебно приближени
и даваат низок природен прираст на европското население, што во последните две децении
се движи под еден промил годишно (< 1 ‰). Некои европски земји дури имаат и негативен
природен прираст, односно нивното население бројчано се намалува: Украина, Бугарија,
Унгарија и др. Како главни фактори за ваквиот демографски тренд се: солидните економски и
здравствени услови, образовното и културното ниво на населението. Како последица се јавува
зголемување на бројот на старо население за сметка на младото, но и недостаток на работна
сила. Според фактичките состојби во иднина во Европа може да се очекува намалување на бројот
на населението – депопулација.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

ГУСТИНА НА НАСЕЛЕНОСТ

A

Според густината на населението, Европа е втор најгусто населен
континент со просечна густина од 74 жители на 1
км2
. Населението на овој континент не е насекаде
рамномерно распоредено. Тоа зависи, пред сé од
природно-географските услови, како и од економските услови за живеење. Најгусто населени простори во Европа се индустриските области. Меѓу нив,
најпознати се: Рурската и Сарската Област, Шлезија,
Рајнската Долина и др. Во овие области постојат големи градови кои се надоврзуваат едни на други.
Густо населени области се воедно и јагленокопните басени во: Велика Британија, Франција, Русија,
Белгија и северозападниот дел на Италија. Исто така, речните долини, плодните низини и котлини, спаѓаат во густо населените подрачја на Европа. Најгусто населена земја е Холандија со 395
жители на 1 км2
. Во Европа најретко се населени северните области. Таму климатските услови
не се погодни за живеење. Тоа се поларните и супполарните предели. Овде населеноста е многу
ретка и се движи по неколку жители на 1 км2
. Густината на населеност зависи и од миграциите
на населението кои се насочени од јужните и источните делови, кон економски поразвиените,
средишни и западни делови на континентот.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

РАСИ И НАРОДИ

A

Населението во Европа воглавно припаѓа на белата и помалку на жолтата
раса. Народите (етноси) од белата раса во Европа припаѓаат на три главни групи: Словени,
Германи и Романи.
Словените ја претставуваат најбројната група народи во Европа со 34 % од вкупното население.
Тие се населени во Источна, Средна и Јужна Европа. Во словенската група народи спаѓаат:
Македонците, Србите, Хрватите, Словенците, Црногорците, Бошњаците, Русите, Белорусите,
Украинците, Полјаците, Чесите, Словаците, Бугарите и Лужичките Срби.
Германската група народи со 31% е втора по бројот на населението во Европа. Германите
се населени во Северна и Средна Европа, на Британските Острови и на други места. Германски
народи се: Германците, Англичаните, Швеѓаните, Холанѓаните, Норвежаните, Данците и
Австријците.
Романската група народи е застапена со 25 %. Овие народи се населени најмногу на
Апенинскиот и Пиринејскиот Полуостров, како и во други делови на Западна и Источна Европа. Во
оваа група народи спаѓаат: Французите, Шпанците, Италијанците, Португалците и Романците.
Надвор од трите основни групи, како посебни народи се издвојуваат: Грците, Албанците,
Баскијците и др.
Народи од жолтата раса во Европа се: Финците, Унгарците, Турците, Татарите и други

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
4
Q

ИНДОЕВРОПСКА ГРУПА

A

Индоевропската јазична група е најраширена во
Европа. Во неа спаѓаат: словенската, германската, романската, келтската, балтичката јазична гранка и посебните јазици.
Словенските јазици се поделени на
три подгранки: источна (руски, белоруски, украински); западна (чешки, словачки, полски, лужичко-српски) и јужна (македонски, српски, бугарски, словенечки,
бошњачки, хрватски и црногорски).
Германската гранка јазици ја чинат:
англискиот, германскиот, данскиот, шведскиот, холандскиот, норвешкиот и др. јазици.
Романската гранка јазици се користат во јужните делови на Европа. Тоа се: италијанскиот,
францускиот, шпанскиот, португалскиот и романскиот јазик.
Келтската гранка ја сочинуваат постари индоевропски јазици што се користат во Западна Европа, и тоа: Полуостровот Бретања, Ирска, Шкотска, Велс и на островот Ман.
Балтичката гранка јазици е блиска на словенската и ја сочинуваат: летонскиот и литванскиот
јазик.
Посебни индоевропски јазици во Европа се: грчкиот и албанскиот јазик.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
5
Q

УРАЛО-АЛТАЈСКАТА ГРУПА

A

Овие јазици ги донеле народите кои во минатото се доселиле од Азија. Тоа се: турскиот и угро-финските јазици (унгарски, фински, естонски и лапонски).

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
6
Q

Посебни Јазици

A

Посебен јазик во Европа, којшто не припаѓа ниту во едно светско семејство е баскискиот јазик кој се користи во северниот дел на Шпанија и југозападниот дел на
Франција (Бискајски Залив).

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
7
Q

Верска Припадност

A

Верската разноликост во Европа ја
чинат пред сѐ: христијанството, како
религија со најмногу верници и исламот, кој што е помалку застапен.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
8
Q

ХРИСТИЈАНСКА РЕЛИГИЈА

A

Таа има најголем број верници во Европа.
Во 1054 година е поделена на две цркви: Западна - римокатоличка и Источна
- првославна црква.
Католичката црква со центар во Ватикан е најзастапена во: Италија, Франција, Шпанија, Португалија, Хрватска,
Словенија, Полска, Чешка, Унгарија и
други земји.
Православната црква најмногу верници има во: Русија, Белорусија, Украина, Романија, Србија, Бугарија, Грција, С. Македонија и други земји.
Протестантизамот е верско учење што во XVI
век се одвоило од Римокатоличката црква како посебна религија. Денес Протестантите се населени
во: Велика Британија, Германија, Шведска, Норвешка, Данска и други земји.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
9
Q

ИСЛАМ

A

Исламот во Европа бил наметнуван уште во VIII век од страна на Арапите. Денес
е застапен повеќе на Балканскиот Полуостров и
потекнува од времето на Турското Царство. Тој е
најзастапен во: Албанија, Босна и Херцеговина,
Косово и во европскиот дел на Турција.
Верскиот мозаик на стариот континент со помал број го дополнуваат и припадници на други
религии: јудаизам, будизам и др.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
10
Q

АНТИЧКИ КУЛТУРИ

A

Европското
копно е дом на повеќе стари цивилизации и култури. Тие датираат повеќе векови пред новата ера. Меѓу нив особено се издвојуваат културите на старите
Грци и Римјани.
Микенската култура е прва високо
развиена култура на тлото на Европа.
За оваа култура ни кажуваат остатоците
на градбите од тоа време. Една од тие градби е Лавовската порта во Микенскиот акропол. Од таа култура се
пронајдени во старите градови разни предмети како што се: оружје, накит од злато и сребро, вази, таблици
со грчко писмо и друго. Од тој период потекнуваат и двата познати епа,
Илијада и Одисеја, кои ги напишал
поетот Хомер. Стара Грција е прва
земја во историјата во која се појавиле театарски дела. Тоа се трагедиите
и комедиите. Римската култура се развила под влијание на старогрчката
култура. Римската архитектура,
вајарството и сликарството ги запознаваме врз основа на нивните
остатоци. Тоа се: патишта, мостови, водоводи, јавни капалишта
или терми, триумфални арки и
друго. Најмногу остатоци се сочувани во Рим. Таму се наоѓа Колосеумот-големиот циркус кој можел
да собере 50.000 гледачи. Во него
се одржувале гладијаторски борби. Сите нивни места како улици,
плоштади, мостови, Римјаните ги
украсувале со бисти и скулптури. Во римско време се удрени и темелите на денешното право и
законодавство.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
11
Q

НОВОВЕКОВНА И МОДЕРНА КУЛТУРА

A

Посебно поглавје од развојот на културното
милје на Европа е почетокот на новиот век, после големите географски откритија. Откривањето
на: нови територии, народи и култури, будењето на науките и уметностите, индустриската револуција и националното освестување кај народите ќе донесат крупни: општествени, економски
и културни промени на стариот континент. Така, врз античките темели во Европа ќе се наталожат нови придобивки во една широка синтеза, популарно позната како Западна култура, која ќе
освојува нови хоризонти на Земјата.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
12
Q

ТРАДИЦИИ И ОБИЧАИ

A

Европа денес е исправена пред големи културни предизвици.
Од една страна е наталожено огромно културно наследство, а од друга страна модерните текови кои водат кон
прифаќање на нови вредности. Традицијата како „колективна меморија“ во социолошка смисла е негување на
вредностите од минатото, кои бавно водат кон прогрес
на општеството. Прифаќањето на модерни, глобални
вредности, пак, може да донесе ризик од губење на културниот идентитет кај народите. Решението е веројатно
во негувањето на универзални морални и верски вредности што ја гарантираат хуманата димензија на современиот човек, а искоренување на традиционалните
вредности што го „пломбираат“ минатото и водат кон
предрасуди, шовинизам, поделби и дискриминации.
Денес во Европа се негуваат многу традиции и обичаи. Традиционално е чествувањето на многу православни, католички или муслимански празници. Значајна традиција кај европските народи е
организирање на различни фестивали
и натпревари во пеење, разни карневали, спортски настани и др. Народите
во Европа негуваат разни обичаи. Тие
се однесуваат на начинот на: чествување на празници, свадбени веселби,
при раѓање на деца, погребни церемонии и друго. Иако постојат разлики во
обичаите, некои од нив се карактеристика за голем број народи. На пример,
обичајот на бојосување јајца кај православните верници за време на празникот Велигден и посетата на божјите
храмови - цркви, манастири и катедрали од страна на христијаните ширум Европа. Посебна хумана димензија има обичајот за време на муслиманскиот празник Курбан-бајрам, кога поимотните
семејства ги помагаат посиромашните. Кај Европските народи постојат различни обичаи и при
склучување на бракови, како што се: венчавката, менување веренички прстени, свадбена церемонија и друго. Гордост на народите низ Европа е исто така и зачувувањето на: традиционалните
песни, народни ора и танци, носии, занаети и слично.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
13
Q

ГРАДСКИ НАСЕЛБИ

A

Градовите се поголеми населени места со неземјоделско население, кое е активирано претежно во: индустријата, сообраќајот, трговијата, здравството, образованието, културата и други дејности. Градовите се разликуваат од селата според: големината,
бројот на населението, начинот на живеење, изгледот и друго.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
14
Q

ИСТОРИСКИ РАЗВОЈ

A

Најстарите градови во Европа датираат уште од стариот век. Голем
подем и импозантен архитектонски раскош доживеале во античко време. Најстари се некои јужноевропски градови: Атина, Теба, Делфи, Пловдив, Лисабон, Рим, Задар и други. Во средниот
век, за време на феудализмот се подигале помали градови – тврдини, а со индустриската револуција во новиот век и воспоставените капиталистички односи, се јавил процесот на забрзано
урбанизирање, кога во Европа се појавиле модернизирани индустриски градови.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
15
Q

ГРАДОВИ СПОРЕД ГОЛЕМИНА

A

Од
бројот на населението зависи големината
на еден град. Во многу држави во Европа
минималниот број на жители за добивање
градски статус е различен. Затоа е прифатено компромисно решение, кое се почитува
во повеќе земји. Според него, мали градови се оние што имаат помалку од 10 илјади
жители. Овие градови се средишта кон кои
гравитираат околните села. Средните градови имаат од 10 до 100 илјади жители. Тие се
центри на поголеми области и вршат влијание на својата поширока околина. Големи
градови се оние со над 100 илјади жители
и тие опфаќаат многу голем простор. Кон
нив гравитираат и помалите градови. Градовите што имаат над еден милион жители
се милионски градови. Прв милионски град
во Европа, уште во антиката бил Рим. Во Европа, денес, има повеќе милионски градови. Најголеми од нив се: Москва во Русија и
Лондон во Велика Британија. Според големината повеќе милионски градови се: Санкт Петербург во Русија, Берлин во Германија, Мадрид
во Шпанија, Рим во Италија, Киев во Украина, Париз
во Франција и други, несметајќи го Истанбул којшто
припаѓа на два континенти. Најголем број од милионските градови во Европа, се наоѓаат во Русија, Германија и Украина.

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
16
Q

ФИЗИОНОМИЈА И ФУНКЦИЈА

A

Физиономијата или изгледот на градот ја диктираат:
релјефот, времето на изградба и урбано-планскиот пристап. Така во Европа се присутни градови
или нивни остатоци од различни епохи кои физиономски можат да се категоризираат како: медитерански, со тесни, поплочени улици и камени куќи (Малага, Мурсија, Будва); средновековно-утврдени, со високи ѕидови и замоци (Сан Марино, Дубровник, Талин, Јорк);турско-ориентален, со ниски градби, чардаци, тесни улици и безистени (чаршиите во Сараево, Скопје, Битола) и
секако, модерни градови со сложени инфраструктурни решенија. Градовите обично се сметаат
за повеќефункционални населби, меѓутоа кај некои од нив може да преовладува една или две
дејности, според кои ќе добијат: индустриска (Манчестер, Торино), туристичка (Венеција, Кан),
трговска (Хамбург, Марсеј), сообраќајна (Франкфурт, Ротердам), административна (Брисел, Женева) или друга функција.

17
Q

СЕЛСКИ НАСЕЛБИ

A

Селата за разлика од градовите се помали населени места во кои луѓето се занимаваат претежно со земјоделски гранки. Според положбата што ја заземаат, постојат:
планински, ридски, рамничарски и крајбрежни села.
Планинските села се мали населби со збиени градби. Ридските села се состојат од повеќе
маала кои се оддалечени едни од други. Тие вршат сточарска и шумарска функција. Некои од
планинските села на Алпите во последниот век се трансформирале во вистински туристички центри: Шамони, Оберсдорф, Давос, Арос, Кицбил и други.
Рамничарските села се најголеми и во нив може да има различна инфраструктура (улици,
водоводи), а куќите се градени на повеќе катови.
Според физиономијата постојат села од збиен и разбиен тип. Тие вршат полјоделско-сточарска функција за потребите на градовите. Во Источноевропската, Западноевропската, Панонската, Ломбарадија и Влашката Низина во
Европа, постојат големи села со над 10 илјади жители. Тие се урбанизирани и личат на
мали гратчиња. Во Англија и Холандија веќе
не може да се зборува за села во вистинска
смисла, поради нивната физиономска и функционална складност со градовите.
Крајбрежните села вршат риболовна
(Скандинавски Полуостров) и туристичка
функција (Грција, Португалија, Хрватска, Италија). Во најсеверните предели на Европа постојат села чии куќи се градени од мраз. Тие
куќи се викаат игло. Појужно од нив постојат
села кои се градени претежно од дрво. Тие
села се ноаѓаат во тајгите на северните предели на: Русија, Норвешка, Шведска, Финска
и други. Во неразвиените ридско-планински
предели на Јужна и Источна Европа, иако во исчезнување, сѐ уште се среќаваат остатоци од турско-ориентален селски тип. Градбите се од глинени тули, чардаците дрвени, а водоснабдувањето од бунар или јавна чешма.