Socio Flashcards

1
Q

Развојот и промените во општествениот систем се резултат на нееднаквоста, спротиставеноста на класите во општеството според преставникот на конфликтната теорија во социологијата:

A

Карл Маркс

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
2
Q

Функционализмот како теорија ја нагласува улогата на деловите во системот, една од теориите кои се набројани според социолозите претставува варијанта на функционализмот. За која теорија станува збор?

A

структурализам

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
3
Q

Херберт Спенсер ги класифицира општествата според два критериуми, односно според степенот на општествената комплексност и стапката на развој на системот на внатрешна контрола. Во поглед на стапката на развој на системот на внатрешна контрола кои два типа на општества ги разликува Спенсер?

A

војнички и индустриски општества

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
4
Q

Како ја нарекува Емил Диркем состојбата во општеството кога попушта системот на норми за регулирање на општествениот живот, односно општеството се наоѓа во состојба на релативно беззаконие кое го зафаќа целото општество или негови одредени делови?

A

аномија

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
5
Q

Радикалните промени во општеството се предмет на проучување на следнава ориентација во социологијата:

A

марксизам

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
6
Q

Кои се двата основни механизми преку кои се одржува општествената рамнотежа според функционализмот како ориентација во социологијата?

A

Општествена контрола и социјализација

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
7
Q

Функционализмот е ориентација во социологијата која е продолжение на биологизмот, на неговата:

A

органистичка варијанта

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
8
Q

Според современото психологистичко сфаќање општественото однесување зависи од:

A

општествениот систем и психо-социјалните карактеристики на поединецот

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
9
Q

Според Маркс Вебер, социологијата е наука што треба да го разбере и протолкува ____ и на тој начин да ги објасни неговиот тек и неговите последици.

A

човековото дејство

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
10
Q

Преставници на ориентацијата која не е во состојба да ги објасни општествените конфликти и големите општествени пресврти (револуции) се:

A

Талкот Парсонс и Џорџ Мид

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
11
Q

Според Карл Маркс најважните промени во општеството се поврзани со
развитокот на капитализмот како општествен систем во кој моќта на владеачката класа е резултат на?

A

сопственост на капиталот

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
12
Q

Кој е првиот социолог емпирист што го истакнува ставот дека за општествените појави треба да се бараат единствено во појавите?

A

Емил Диркем

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
13
Q

Кој основач на социологијата смета дека поделбата на трудот е основна движечка сила на развојот на општеството?

A

Карл Маркс

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
14
Q

Со кој метод се изведува квантитативното набљудување на општествените појави и нивните својства?

A

мерење

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
15
Q

Методолошката постапка која се применува во социологијата за да се дојде до емпириски податоци преку вербална комуникација меѓу испитувачот и испитаникот е позната како?

A

Интервју

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
16
Q

Тим од социолози истражувачи има за цел да ги истражи и открие социопсихолошките односи помеѓу поединците во едена мала производна работна организација во која се вработени вкупно 20 работници. Имено истражувачите сакаат да откријат како работниците избираат свој претставник кој преговара во нивно име со менаџерскиот тим, како меѓусебно комуницираат за време на паузите во текот на работниот ден, колку меѓусебно си помагаат во текот на производниот процес и слично. Која техника ќе ја употребат истражувачите со цел да ги откријат социопсихолошките односи помеѓу поединците во рамки на оваа работна организација?

A

Техниката на социометрија

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
17
Q

Според Веберовата типологизација за видовите на човеково однесување, како ќе се нарекува однесувањето на еден поединец (пример: верник кој редовно ги посетува службите во црква и практикува однапред утврдени ритуали) кој реагира во одредени ситуации во согласност со веќе воспоставени начини на однесување и воспоставени навики во заедницата (општеството)?

A

Традиционално однесување

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
18
Q

Огист Конт е преставник на граѓанската социологија кој се залага за мирни реформи и истакнува дека капиталистичкото општество не треба радикално да се менува туку постепено да се усовршува преку промени во составот (структурата) на општеството и функционирањето на институциите.Според него социологијата треба да биде поегзактна наука според примерот на природните науки.Физиката ја сметал за најразвиена „позитивна“ наука која треба да послужи за пример на социологијата.Кој правец во општествените науки настојува општествените науки да се градат според примерот на природните, егзактни науки?

A

Позитивизам

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
19
Q

Како се нарекува системот на елементи во рамки на културата (јазик, гестови, идеи, свети предмети и слично) со чија помош се остварува комуникацијата помеѓу луѓето и воедно им се дава значење на појавите и процесите во рамки на едно општество?

A

систем на симболи

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
20
Q

Секоја култура гради систем на различни вредности преку кои станува единствена и неповторлива. Но, културите се подложни на промени како резултат на нивните меѓусебни контакти (допири помеѓу културите). Во рамки на социологијата ваквото влијание помеѓу културите се означува со поимот:

A

транскултурација

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
21
Q

Во рамки на секоја култура постои јазик како систем од симболи, некаква форма на брак и семејство, поим за убавото, религија, поглед на светот, вредности, институции и слично. Како се нарекува во рамки на социологијата постоењето на вакви елементи кои се заеднички за различните култури?

A

културни сличности

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
22
Q

Процес на интеракција во кој новиот член на заедницата усвојува знаења, вештини, навики, вредности, норми на однесување и други сознанија за успешно интегрирање во општествените групи и во општеството во целина се нарекува

A

социјализација

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
23
Q

Како се нарекува поединецот кој како припадник на една култура во секоја ситуација се однесува на пригоден начин без критички став и безусловно ги прифаќа важечките норми на однесување во општеството?

A

конформист

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
24
Q

Збир на културни карактеристики кои поединецот ги поседува и му овозможуваат да се почуствува поинаков од припадниците на другите култури претставува:

A

културен идентитет

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
25
Q

Која од наведените групи на норми во рамки на едно општество претставуваат пропишани и строго санкционирани норми (правила) за однесување на луѓето во едно општество, а се донесени од страна на одредени државни институции како на пример Собранието?

A

правните норми

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
26
Q

Сфаќањето според кое сите култури иако се различни се еднакво вредни, и за вредностите на други култури не може да се носи вредносен суд од аспект на сопствената култура бидејќи истиот би бил необјективен се нарекува:

A

културен релативизам

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
27
Q

Појавата на криминални активности во која се вклучени претставници на високите владејачки гругови (функционери) кои ја злоупотребуваат својата општествена положба и функција со што вршат кривични дела преку кои се стекнуваат со голема противправна материјална корист е познат како криминал на државата. Во американската социологија и криминолгија ваквиот вид на криминал е познат како?

A

„криминал на белите јаки“

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
28
Q

Група на луѓе која се разликува од поширокото според посебни културни особености кои не се неприфатливи за доминантната култура во општеството, велиме дека се припадници на одредена:

A

подкултура (субкултура)

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
29
Q

Кога поединецот не се подведува на ирационалните елементи на културата, туку успева да изнајде свој простор во постоечките вредности и норми, и творечки се вклопува во колективниот живот на заедницата постанувајќи автономна и делотворна личност, за него велиме дека има:

A

неконформистичко однесување

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
30
Q

Кој од наведените фактори на социјализација ја има најголемата и најзначајната улога во поглед на пренесување на основните знаења, вредности и норми во општеството во периодот на детството?

A

семејство

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
31
Q

Претворањето на поткултурата во контракултура се случува тогаш кога одредени поединци преку своите обрасци на однесување ќе влезат во отворен судир со ______ и со нејзините основни вредности

A

доминантната култура

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
32
Q

Општествено неприфатливо однесување на младите, кое најчесто се манифестира со прекршување на морални и обичајни норми, но и со прекршување на законски (правни) норми – извршување на злодела се именува со поимот:

A

малолетничка деликвенција

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
33
Q

Секое однесување на поединецот што отстапува во значителна мера, односно ги прекршува општествените норми на една заедница и предизвикува реакција на неодобрување во општеството е познато какo?

A

Девијантно однесување

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
34
Q

Девијантното однесување претставува секое човечко однесување кое

A

Ги прекршува општествените норми на една заедница и предизвикува општествена реакција на неодобрување

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
35
Q

Културата е “умствена програма” (софтвер на умот) и ако ја познаваме програмата на мислење на луѓето во една средина ќе можеме да ги предвидиме нивните реакции во одредени ситуации е став на

A

Георг Хофстеде

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
36
Q

Да јас ги прифаќам и почитувам веќе воспоставените норми и вредности во моето општество, но како естраден уметник секако дека промовирам и се залагам за нови трендови кои во рамки на нашата култура и ноќниот живот буквално ќе претставуваат едно „освежување“ за новите генерации на млади луѓе. Токму поради тоа и ги пишувам последните колумни кои се однесуваат на новите трендови во културата односно музиката и ноќниот живот на младите иако за напишаното сум многу често критикуван.Од аспект на прилагодувањето на поединците во општеството во согласност со воспоставените правила и норми ваквото однесување на поединцот кога тој се јавува во улога на личност која придонесува за промовирање на нови вредности или начини на живеење, но и промени во општеството во рамки на социологијата е познато како:

A

Агент на промена

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
37
Q

Материјаното богатство, општествената моќ како и општествениот углед се елементи преку кои се оппределува:

A

општествената положба на поединцот

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
38
Q

Како се нарекува во рамки на социологијата поимот со кој се објаснуваат односите меѓу поединците и групите во општеството?

A

општествена интеракција

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
39
Q

Нормата на реципроцитет која означува да се даде,да се земе и да се возврати е карактеристична за следниот интеракциски процес

A

размена

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
40
Q

Под кое име е позната формата на интеракција во која поединците или општествените групи настојуваат да постигнат една иста цел, но подобро од друг поединец или група во општеството?

A

натпревар

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
41
Q

Можноста на поединецот да влијае врз однесувањето на другите личности кои живеат во општеството, како и врз одредени процеси во рамки на заедницата или општеството во социологијата се именува со поимот:

A

општествена моќ

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
42
Q

Вид на дејствување и однесување на поединецот кој се одвива на очекуван начин според однапред усвоен културен образец се нарекува

A

општествена улога

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
43
Q

Како се нарекуваат улогите кои поединецот реално не ги поседува но,ги извршува во одредени околности во кои се нашол – (помош на повредени во сообраќајна незгода, учествува во гасењето на пожар и слично)?

A

ситуациски очекувања

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
44
Q

Публика е група на луѓе собрана на едно место од која се очекува да реагира во согласност со ситуацијата. Овој тип на колективно однесување е познат и под името _______.

A

конвенционална толпа

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
45
Q

Најширокото граѓанство кое е свесно за актуелните општествени прашања и за политичките настани во една држава, кое чита весници, гледа телевизија, следи медиумски информации, односно севкупно јавно комуницира се нарекува:

A

Јавност

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
46
Q

За која од наведените видови на толпа се карактеристични демонстрациите или штрајковите кои во суштина се израз на незадоволство од одредена политичка одлука, повреда на некое човеково право, неисполнување на одредени колективни договори и слично?

A

протестна толпа

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
47
Q

Кој од наведените социолози најмногу се занимавал со проучување на колективното однесување и при тоа утврдил дека постои колективна свест која се разликува од индивидуалната односно има своја посебна самостојна појавност?

A

Емил Диркем

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
48
Q

Под кое име се познати очекувањата на општествената заедница кои се однесуваат на тоа како поединците треба да ја извршуваат својата улога која подразбира и постоење на одредени правни прописи (на пример: улога на доктор, професор, полициски службеник и слично)?

A

нормативни очекувања

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
49
Q

Ивана по завршувањето на средното образование, ги започна студиите на Институтот за социологија. Ивана има за цел да постигне висок успех како стдентка. Два месеци подоцна се вработи и во една фирма која има потреба од маркетинг агенти за продажба. Исто така редовно и активно ги посетува тренинзите за одбојка во нејзиниот спортски клуб. По завршувањето на првиот семестар од студиите Ивана дека е навистина тешко секоја од улогите да ги извршува подеднакво успешно, не успеа да ги положи во целост предвидените испити, а во маркетинг агенцијата во која работи како агент имаше поголем број на пропусти кои ги направи при потпишувањето на договорите со клиентите. Од аспект на извршување на улогите наведениот пример ни покажува ситуација на:

A

Конфликтна улога

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
50
Q

Кога луѓето ги регрупираме според одредени карактеристики како што се полот, возраста, професијата и слично, без да комуницираат за некој заеднички интерес тогаш говориме за

A

латентни групи

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
51
Q

Општествените групи во кои се одвиваат сите општествени процеси и дејности, а кои по својата природа се долготрајни општествени групи се познати како:

A

глобални групи

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
52
Q

Која од набројаните општествени групи (во согласност со класификацијата во рамки на социологијата) припаѓа на примарните групи во општеството?

A

Семејството

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
53
Q

Групите кои им служат на поединците за споредба и притоа да се проценат и себе си, се нарекуваат

A

референтни групи

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
54
Q

Формалните групи се организираат околу претходно утврдени принципи. Карактеристиките на групата не зависат од личните особини на членовите, туку од ______.

A

нормите

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
55
Q

Семејството претставува примарна пштествена група што ја сочинуваат лица поврзани со ____ и ____, односно група која се заснова на биолошки, биосоцијални, социјални и економски основи.

A

брак и сродство

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
56
Q

Според кој критериум е направена поделбата на општествените групи на семејно-роднински, економски, воспитно-образовни, политички, културни и религиозни:

A

според функцијата што ја извршуваат поединците во групата

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
57
Q

Биолошката функција на семејството се состои во:

A

задоволување на половиот нагон и продолжување на човечкиот род односно создавање потомство

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
58
Q

Социјализаторската функција на семејството се состои во:

A

интеграција на поединецот во општествена заедница

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
59
Q

Во одредени култури (односно региони на држави во кои владеат традиционални врски и односи) е „дозволен“ тип на брачна заедница во која мажот има право да има поголем број на жени, што е пример за полигамен брак, а во наведената форма претставува:

A

полигинија

How well did you know this?
1
Not at all
2
3
4
5
Perfectly
60
Q

Под кое име се познати активностите во рамки на една религија кои ги преземаат свештените лица како и верниците, а се во насока на остварување на одреден однос со светот на светото (молитвени песни, одредени движења, зборови и слично)?

A

ритуали

61
Q

Облик на групен брак кој е карактеристичен за првобитните заедници во кој една група на мажи стапуваат во брак со една група на жени, а потомството се одредува според мајката а децата припаѓаат на целата група се нарекува

A

семејство пуналуа

62
Q

Семејството кое било сочинето од неколку парови на мажи и жени кои заеднички ги одгледуваат децата и живеат во исто домаќинство,а децата се одредувале во однос на мајчината линија. Ова семејство кое е преоден олик кон моногамно семејство се нарекува

A

синдијазмичко семејство

63
Q

Семејството во кое најстариот член на семејството е „глава на семејството“ и има доминантна улога при донесување на одлуките,а наследството се пренесува по хиерархија на најстариот син во класификацијата на семејствата е познато како

A

патријархално семејство

64
Q

Религијата во рамки на општественото живеење има поголем број на функции, кои се однесуваат како на индивидуата така и на општеството. Под кое име е позната функцијата на религијата чие значење доаѓа до израз особено во тешките моменти од животот на индивидуата (надминување на страв од непознатото, неизвесното, стравот од смртта и слично) ?

A

компензациска функција на религијата

65
Q

Религијата e цврсто поврзан систем на верувања и практики кои се однесуваат на светите нешта, и кои своите приврзаници ги обединуваат во единствена морална заедница Оваа определба на религијата ја дал

A

Емил Диркем

66
Q

Организацијата која е израз на рационалност и планирање и преставува структура или поредок кој им се наметнува на поединците е позната како?

A

Бирократија

67
Q

Според Макс Вебер религиозните идеали имаат голема улога во менувањето на општествениот поредок. Протестантската етика (протестантизмот) тој ја наведува како типичен пример кој има одиграно централна улога при настанувањето на:

A

капитализмот

68
Q

Со кој поим се означува процесот преку кој се намалува влијанието на религијата во поголем број на сфери од општественото живеење односно процес во кој се разграничуваат функциите и дејностите на религијата наспроти функциите и дејностите на државата и институциите?

A

секуларизација

69
Q

Религијата ги учи верниците да почитуваат одредени начела и правила во нивниот живот. Во христијанството тоа се постигнува преку Десетте Божји заповеди, во исламот преку познатите Пет столбови на исламот. Како се именува оваа функција на религијата која ги упатува верниците кон почитување на одредени начела и правила во нивното живеење?

A

етичка функција на религијата

70
Q

По втората светска војна, во повеќе европски држави, народноослободиелната армија воспоставила нов политички поредок. Новата власт им ги одземала имотите на земјопоседниците и ги прогласила за колективни, а за граѓаните градела истa големина на станoви, опремени со сличен мебел и покуќнина. Им го ограничувала движењето. Во странство можеле да патуваат само службено. Мал број луѓе имале ТВ и радио приемници на кои се емитувале исклучиво емисии со марксистичка содржина. Верските објекти ги претворила во работилници, штали, магацини, културни објекти, а луѓето ги прогласувала за атеисти. Полицијата ги следела, апсела и прогонувала сите оние кои не се сложувале со одлуките на власта. За каков облик на власт станува збор?

A

диктатура

71
Q

Според Веберовата класификација за видовите на власт, кога во една држава владеењето подразбира дека луѓето се третираат како поданици кои се покоруваат на обичајот на пренесување на власта од „колено на колено“ односно го почитуваат наследувањето на круната постои:

A

традиционална власт

72
Q

Според која од наведените теории државата претставува класна творба која е насочена кон заштита на интересите на владејачката класа?

A

конфликтната теорија

73
Q

Според познатиот социолог Ентони Гиденс, државите на современата цивилизација ги карактеризираат три основни карактеристики. Тоа се:

A

ссуверенитетот, државјанството и национализмот

74
Q

Политиката со која на државата и се даваат надлежности во доменот на економијата се нарекува:

A

политика на социјална регулација

75
Q

Едно од основните начела на демократијата и демократските држави е поделбата на власта на законодавна, извршна и судска власт. Во согласност со начелото на поделба на власта во нашата држава која од наведените институции ја претставува законодавната власт?

A

собранието

76
Q

Кога во рамки на едно општество едни покрај други живеат припадници на различни етнички групи кои меѓусебно соработуваат, се почитуваат, кога на секоја од етничките групи им е дозволено да ги негуваат своите културни особености, но и да ги почитуваат културните особености на другите велиме дека станува збор за:

A

Мултиетничко општество или мултикултурализам

77
Q

Следнава определба „ Трајни и повеќе функционални општествени групи кои историски настануваат со заедничко живеење на културно – историски сродни групи на некоја територија“ се однесува на определувањето на поимот:

A

етнички групи

78
Q

Кога врз основа на ограничени искуства и сознанија се гради негативна слика за цел еден народ, за сите негови припадници, независно од нивните индивидуални особини, велиме дека станува збор за:

A

етнички предрасуди

79
Q

Многу современи општества интеграцијата на малцинските етнички групи ја спроведуваат по пат на асимилација, а тоа значи:

A

малцинските етнички групи ја напуштаат својата култура и традиција и ја прифаќаат доминантната култура како своја.

80
Q

Транспортот на производите од местот на производство до местото на продажба, самата продажба, давањето на образовни услуги, дејноста на адвокатите, работата на здравствените работници или пак работата во хотелиерството и туризмот припаѓаат во:

A

терцијален сектор

81
Q

Од кого извира и кому му припаѓа политичката власт во демократскиот политички систем?

A

на граѓаните.

82
Q

Според Емил Диркем со појавувањето на индустриското општество започнува да се појавува еден нов вид на солидарност во општествата која се темели на меѓусебна зависност која произлегува од специјализацијата на поединците за извршување на одредени задачи (поделбата на трудот), но и на свеста дека општеството како целина мора да се одржи. За кој вид на солидарност станува збор?

A

органска солидарност

83
Q

Во кој период од човековата и општествената историја се појавуваат првите класни општества во кои постоела строга поделба на трудот на физички (производен) и умствен (управувачки)?

A

период на робовладетелство

84
Q

Анализата на содржината се однесува на користење _____ документи (записници, реферати, весници, книги и др), кои содржат податоци и информации за одделни страни на ______ живот и се предмет на нашето истражување.

A

пишани

од општествениот

85
Q

Емил Диркем во својата класификацијата на општествата поаѓа од законите на еволуцијата т.е. од развојот на поедноставни кон посложени општества.Според него основниот механизам што ги создава општествата преставува поделбата на трудот и според истата разликува два вида на општества – општества со механичка солидарност и општества со органска солидарнот.

  1. Објасни ги карактеристиките на општествата со механичка солидарност?
  2. Објасни ги карактеристиките на општествата со органска солидарност?
A
  1. Индивидите се поврзани и се обидуваат да живеат според заеднички норми и вредности, прости и традиционални облици на рамнотежа и контрола, каде што прекршувањето на нормите може да биде санкционирано со казни или изгонување од заедницата, Односите меѓу индивидите се базираат на сличностите и заедничките интереси, висок степен на социјална кохезија и интеграција, каде што членовите се идентификуваат со заедницата и ги прифаќаат нормите и вредностите кои ги споделуваат.
  2. Индивидите се поврзани преку функционална зависност, каде што различните делови и улоги во општеството имаат специфични функции и задачи.
    Зависноста меѓу индивидите е базирана на комплементарност и разнообразност, каде што секој дел од системот допринесува со својот специфичен принос.
    Индивидите се специјализирани во различни професии и улоги, и тие се меѓусебно зависни едни од други.
    Односите се посредувани со закони, управување и институции кои ги регулираат односите.
86
Q

Кога поединецот отстапува од општоприфатените стандарди на однесување, а не предизвикува неодобрување или негативна реакција од заедницата туку напротив е познато како позитивно поведение или _______________

A

конформистичко однесување од повисок ред

87
Q

Прочитај го и анализирај го текстот, а потоа одговори на поставените прашања.
„….се смета за поглед на нештата во кои сопствената група е центар на сé, а сите останати се скалирани и рангирани според неа…Секоја група негува своја сопствена гордост и суета, се фали како супериорна, воздигнува свои божества и гледа со презир на надворешните. Секоја група мисли дека нејзините обичаи се единствено исправни и, ако забележи дека другите групи имаат други обичаи, тие ги презираат… овој поглед ги води луѓето кон зголемување и кон интензивирање на сето она што во нивните обичаи е посебно и што ги изделува од останатите.” (Вилијам Грахам Самнер- американски социолог)

  1. Зошто хеленските племиња се етноцентрични?
  2. Кое сфаќање е сосема спротивно на етноцентризмот?
  3. Зошто за другите култури не треба да се носат вредносни судови ?
A
  1. Хеленските племиња се етноцентрични поради тоа што се фокусираат и почитуваат само својата култура и ги сметаат своите обичаи и вредности за супериорни во споредба со другите култури. Тие презираат и скалираат други култури според нивната мерка, со што ги истакнуваат и почитуваат себеси како центар на светот.
  2. Спротивно на етноцентризмот, сфаќањето на културен релативизам е сосема различно. Културниот релативизам се однесува на разбирањето и прифаќањето на различните култури како рамни и вредни, без да ги осудува или привлекува вредносни судови. Тоа значи дека нема супериорна култура и секоја култура се разликува во своите особености и вредности, што треба да биде почитувано.
  3. За другите култури не треба да се носат вредносни судови бидејќи сите култури имаат свои специфичности и значења. Секоја култура развива свои обичаи, вредности и норми во контекстот на своите историја, географија, верска верувања и други фактори. Одбивањето на вредносни судови им овозможува на другите култури да бидат различни и да се почитуваат во својата различност.
88
Q

Анализирајќи ја сликата како и текстот кој се однесува на разговрот со жител од селото Галичник одговорете на прашањата:

Галичка свадба или позната како Петровденска галичка свадба е манифестација која се одржува секоја година на 12 јули – Петровден во селото Галичник на планината Бистра. Во разговор со еден од жителите на селото меѓу другото тој истакна „Секоја година звукот на зурлите и тапаните не потсетува на нашата вековна традиција…младите не потсетуваат на една вековна традиција која изобилува со голем број на свадбарски обичаи, ние по потекло од Галичник ја почитуваме нашата традиција, со генерации и векови било и ќе остане дел од нашето културно и историско наследство… свадбата е дел од ткивото на нашата традиција пренесувана од колено на колено…“

  1. Каков тип на норми подразбира организацијата и реализацијата на Галичката свдба?
  2. На кој начин настанале овој вид на норми?
  3. Каков вид на санкции подразбира непочитувањето на овие норми?
A
  1. Тоа се норми на поведение кои ги регулираат различните аспекти на свадбарската манифестација, вклучувајќи ја облеката, музиката, танцот, обредите, храната и други.
  2. Овој вид на норми настанале преку долгогодишно пренесување на културното и традиционалното наследство од една генерација на друга.
  3. Тоа може да вклучува дискриминација и неприфаќање од страна на заедnicата, загуба на почитување и доверба, изолација од социјалната група, негативни коментари и осудувања
89
Q

Откако го прочита извадокот од говорот на Мартин Лутер Кинг одговори на следните барања:
„Денес сакам да им кажам на сите Американци и на сите луѓе на светот … Нашето движење нема да го запре никаков бран на расизам…Ние црните граѓани на Монтгомери одлучивме со ненасилни протести да ја спречиме неправдата која ја доживуваме во автобусите многу години … Сонувам како моите деца еден ден ќе живеат во земја во која нема да бидат вреднувани според бојата на кожата, туку според индивидуалните вредности“ – (дел од говорот на Мартин Лутер Кинг – иницијатор и водач на движењето за човекови права на американските Црнци).

  1. Која е целта на движењето основано од страна на Мартин Лутер Кинг?
  2. Движењето влијаело американскиот Конгрес да го забрза донесувањето на
A
  1. Целта на движењето основано од страна на Мартин Лутер Кинг е да престане расната дискриминација и неправдата спроти црните граѓани во САД. Тоа вклучува борба против расната сегрегација, осигурување на рамни права и достоинство за црните луѓе, и промовирање на равенство базирано на индивидуалните вредности, а не на бојата на кожата.
  2. Законот за гласањето за граѓаните (Voting Rights Act) во 1965 година.
90
Q

Внимателно анализирај ја сликата. Истата се однесува на пречекот на нашата машка ракометна репрезентација односно ракометарите на РК „Вардар“ по повод постигнатиот успех на првенството. Во еуфорична атмосфера на плоштадот беше собрана голема толпа на граѓани кои го прославуваа успехот на нашата репрезентација. Според Блумеровата класификација на толпите а врз основа на мотивот поради кој се собрале граѓаните одговри на следните барања:

  1. Каков вид на толпа е прикажан на сликата?
  2. Која е основната карактеристика на ваквиот вид толпи?
A
  1. Според Блумеровата класификација, толпата која е прикажана на сликата може да се опише како “еуфорична толпа” или “толпа на прослава”
  2. Основната карактеристика на ваквиот вид толпи е дека се собираат луѓе кои го прославуваат или изразуваат своето задоволство и радост поради постигнат успех, достигнување или победа на одреден тим, репрезентација или индивидуалец.
91
Q

Бракот претставува регулирана (или непризната) ____ врска, по правила од трајна природа, меѓу лица од _____ пол, кој во зависност од историските и социјалните услови може да има различни облици и содржини.

A

био-социјална

различен

92
Q

Кој вид на моногамно семејство е опишан во примерот?

Така живевеме во селото … дедо Никола кој веќе има наполнето 85 години се наврати на времето кога како дете живеел заедно со неговите родители братучеди, чичковци и неговите баба и дедо во една куќа, односно како што вели тој делевме и добро и лошо заедно покрај огништето. Во куќата живеевме вкупно 15 луѓе , дедо ми Ристо беше „главата“ на семејството тој секогаш кажуваше кој што ќе работи, кој какви задачи ќе има…се сеќавам татко ми и моите двајца чичковци секоја вечер седнати покрај огништето и виткајќи тутун му кажуваа за денот поминат на нива и работата во бакалницата…

A

Екстензивно моногамно семејство

93
Q

Внимателно погледнете ја сликата! На истата е прикажан еден тип на организација во која постојат строго пропишани правила на однесување, во неа работат службеници кои се вработени од страна на Министерството во Сектор за издавање на дозволи (лиценци) за хотелско-туристичко работење. Врз основа на сликата и дадениот опис на организацијата одговорете на следните барња:

  1. Со кој термин ги определува ваквите организации Макс Вебер?
  2. Кои се основните карактеристики на овој вид организации според Макс Вебер?
A
  1. Бирократски организации
  2. Јасно определени правила и процедури, јасна хиреархија, оделени професионални од лични односи, стабилност и континуитет
94
Q

Со кој термин се именува следната појава:

„На припадници на одредена етничка група во општеството имаат забрана да пристапат кон одредени места во градот или државата кои се третираат како места кои се достапни само за припадниците на мнозинската група во општеството, припадниците на огласите за вработување се одбиени како кандидати за вработување без посебна причина, отворено им се забранува да имаат пријатели и да избираат брачни другари кои се припадници на мнозинската етничка група и слично“?

A

етничка сегрегација

95
Q

Една од функциите на религијата била особено доминантна во периодот на просветителството, период во кој практично се барало религијата да го објасни светот во кој луѓето живеат, луѓето преку религијата да ја пронајдат смислата на животот како и да си ги објасната страдањата, злото и неправдите. За која функција на религијата станува збор?

A

космолошка или метафизичка функција.

96
Q

Сликата упатува на една револуција која предизвикува редица на промени во доменот на економијата односно начинот на производство, нова поделба на трудот и организацијата на општественото живеење, кои се евидентни и видливи кон крајот на XVIII век и почетокот на XIX век претежно во држави од Западна Европа. Анализирајќи ја сликата и податоците поврзани за временскиот период во кој се случува оваа револуција одговорете на следните барања:

  1. Кон кој сектор на производство започнува интензивно да се ангажира работната сила?
  2. Кои фактори придонесуваат за ангажирањето односно вработувањето на луѓето во овој сектор на производство?
A
  1. Секундарен
  2. Нови енергетски извори во индустријата како пареа, електрика, нови машински погони, нови алати и иновации
97
Q

Кој познат француски социолог тврди дека класната припадност на поединците може да се определи и според културниот капитал кој поединците го носат во себе – (како го минуваат слободното време, колку се грижат за сопственото здравје и животната средина, колку спортуваат, читаат книги, одат во посета на музеи, културни институции и слично)?

A

Пјер Бурдие

98
Q

Еден од набројаните системи на стратификација (социјална нееднаквост) се темели на строга и јасно определена социјална припадност на поединцот уште од самото раѓање. Животот во рамки на овие социјални групи се засновал на строги правила кои се определени од страна на религијата. За кој систем на стратификација станува збор?

A

кастински систем

99
Q

Припадноста на кастата се остварува со:

A

раѓањето

100
Q

Сите промени кои ни ги прикажуваат промените во текот на животниот век на поединцот од аспект на неговата социјална припадност (промената на социјалната припадност) во суштина ни укажуваат на :

A

интрагенерациска општествена подвижност

101
Q

Кога една индивидуа го менува своето занимање / работното место но, со промената сепак не настанува промена (придвижување) кон друга класа/слој туку поединцот со оглед на приходите и понатаму припаѓа на слојот/класта на која на која и претходно припаѓал тогаш велиме дека станува збор за:

A

Хоризонтална општествена подвижност

102
Q

Кога еден поединец нема можност да учествува во клучните области на општественото живеење – нема пристап до образование, нема или му се намалени можностите за вработување, нема можности да се вклучи во донесување на одлуки во потесната или пошироката заедница велиме дека станува збор за:

A

општествено исклучување

103
Q

Кога поединецинецот ја менува својата општествена положба – односно преминува во повисок општествен слој/класа во системот на стратификација велиме дека настанала:

A

вертикална општествена подвижност

104
Q

Сѐ до периодот на индустриската револуција,диференцијата на општеството на класи се одвивала врз основа на:

A

сопственоста на средствата за производство

105
Q

Општествата во кои причините за нееднаквостите се претставуваат како природен поредок во кој пединецот не може да ја промени својата положба во општествената хиреархија се нарекуваат

A

Катастрофски општества

106
Q

Кој тип на општество не припаѓа на долу наведената класификација на општествата според технолошкиот развој?

A

капиталистичко

107
Q

Општествената стратификација претставува таков облик на општествена ____ на поединците и општествените групи при што тие се распоредуваат во посебни социјални ______.

A

нееднаквост

слоеви/класи.

108
Q

Каква општествена мобилност/подвижност остварува поединец кој после 25 години работно искуство како правник во локалната самоуправа, се вработува како правник во Уставниот суд на Р. М

A

вертикална нагорна подвижност.

109
Q

Кој од набројаните системи на стратификација е карактеристичен за современите индустриски општества во кои постои развиена поделба на трудот?

A

класите

110
Q
  1. Во која социолошка теорија се тврди дека стратификацијата е оправдана, неизбежна и дека придонесува за рамнотежа во општеството?
A
  1. функционалистичката теорија.
111
Q

За каков вид на општествена подвижност станува во наведениот пример?

Мојот дедо имаше 2 хектари ниви (земјиште) на кои редовно беше засадувана пченица и пченка, одгледуваше и други житни култури колку да има да за негои семејството како што тој велеше за живеачка. Тој целот свој живот го посвети на земјоделието. Мојот татко напуштајќи го родното село и доселувајќи се тука во Скопје се запишал на студии на Правен факултет. По завршувањето на студиите па се до неговото пензионирање работеше како правен советник во една фирма. Животот го помина во чесна заработувачка на својата плата. Јас се запишав на студии на факултетот за Информатички науки, по дипломирањето започнав да работам во една позната маркетинг фирма, татко ми често споменуваше дека сум успеал да заработам во животот за кратко време колку што не успеал за целиот негов работен век. Сега отворив и моја сопствена маркетинг агенција…

A

Апсолутна општествена подвижност

112
Q

Сликата симболизира/упатува на една социолошка теорија/ориентација која со својот историски и дијалектичко-материјалистички пристап ги утврди законите за развојот и движечките сили на општеството, ја откри класната структура на општеството, изврши историска класификација на глобалните видови општества.

  1. За која социолошка теорија/ориентација станува збор?
  2. Наведи еден од основачите на оваа теорија.
  3. За какво општество се залагаат основачите на оваа теорија?
  4. Кој е начинот/патот да се дојде до тоа општество?
  5. Кое општество го критикуваат?
  6. Кои се двете доминантни класи во општеството кое го критикуваат основачите на оваа теорија?
A
  1. марксизам
  2. Карл Маркс
  3. Комунистичко
  4. Преку револуција на пролетаријатот, односно, преку превземање на средствата за производство од буржоазијата и создавање на класно слободно општество.
  5. Капиталистичкото
  6. Пролетаријат и буржоазија
113
Q

Според која структура е направена следната класификација на општествата: првобитни, робовладетелски, феудални и граѓански (капиталистички) општества?

A

социо – економска структура на општествата

114
Q

Поделбата на општествата на: собирачко – ловечки, традиционални (земјоделски), индустриски и постиндустриски општества е направена според критериумот кој го покажува нивниот:

A

технолошки развој

115
Q

Според германскиот социолог Фердинанд Тениц постојат два типа на општества, а тоа се:

A

заеднички и друштво.

116
Q

Според Емил Диркем заедништвото во примитивните општества го одржувала религијата, додека во современите општества според него таквата улога ја има:

A

поделбата на работата

117
Q

Познатиот социолог Талкот Парсонс разликува три етапи во еволуцијата на општеството тоа се:

A

традиционално, современо и постиндустриско.

118
Q

Според егзогената теорија за општествена промена,една промена која вообичаено доаѓа однадвор автоматски иницира редица од други _____.

A

промени

119
Q

Процесот на доближување на културите при што доаѓа до мешање на глобалното и локалното го предизвикува процесот кој од страна на Робертсон е наречен:

A

глобализација

120
Q

Во основата на организирање на постиндустриското општество како главна производна сила и извор на моќ се наоѓа:

A

знаењето

121
Q

Во многу држави во светот, при демонстрациите кои ги организираат антиглобалистите, револтот е насочен кон големите транснационални компании. Која е причината за тоа?

A

Тие поседуваат најголема економска и политичка моќ и се главни двигатели на глобализацијата.

122
Q

Кога едно општество велиме дека има праволиниски развој во насока на се поголемо усложнување и приспособување на општеството – односно социолозите велат дека тоа е состојба на мирно движење на општеството проследена со континуирани промени и постојан развиток тогаш тоа општество доживува развој кој е познат под терминот:

A

еволуциски промени во општеството

123
Q

За Карл Маркс, општествените промени се случуваат поради:

A

противречностите помеѓу двете доминантни општествени класи.

124
Q

Поимот модернизација значи внесување се повеќе _____________ моменти во животот на луѓето, а намалување на _____________ што се базирале на религијата, обичаите, верувањата и сл.

A

рационални

традиционалните

125
Q

Што од наведеното според познатиот социолог Имануел Валерштајн претставува основна движечка сила на глобализацијата?

A

капиталистичката економија

126
Q

Кога во едно општество доаѓа до намалено влијание на традицијата базирана на религијата, ритуалите, обичаите, а во животот на луѓето се повеќе се внесуваат рационални моменти, индустријализацијата, урбанизацијата и сл. велиме дека тоа општество е зафатено со процес на:

A

модернизација.

127
Q

Ентони Гиденс наведува дека е евидентен еден процес на интензивирање на општествените односи на светски план. Овој процес ги поврзува одалечените места на тој начин што локалните случувања (она што се случува во државите) се често обликувани од настани кои понекогаш се случиле на стотици или илјадници километри одалеченост и обратно. Со кој термин го означуваме овој процес?

A

глобализација

128
Q

Формирана е по Втората светска војна. Задолжена е за зачувување на мирот во светот, за решавање на конфликтите по мирен пат, за создавање на услови за почитување на правата и слободите на луѓето. За која организација станува збор?

A

Организација на Обединети Нации.

129
Q

НАТО (Северно атлантската алијанса) која е формирана како меѓународна организација со потпишувањето на Северноатлантскиот договор и е со седиште во Брисел (Кралство Белгија) е задолжена:

A

да го обезбеди мирот, стабилноста и безбедноста во светот преку колективна одбрана и соработка помеѓу членските држави.

130
Q

Која од набројаните организации е меѓународна организација која е одговорна за обезбедување на финансии (кредити) и давање на совети на земјите кои се во насока на зголемување на економскиот развој и намалување на сиромаштијата?

A

Светска банка

131
Q

Кога промените во едно општество ги зафаќаат сите сегменти на општественото живеење односно настанува промена на целокупниот општествен систем тогаш велиме дека настанале промени кои се означени со поимот:

A

макроопштествени промени

132
Q

Еволуцијата е бавен процес кој предизвикува квантитативни промени во општествената структура, додека револуција е брза и предизвикува

A

целосна промена на општеството.

133
Q

Промените кои настануваат во едно општество, но не се однесуваат на сите аспекти на оппштественото живеење и организација на општеството туку само на одредени негови делови на пример: промени во организацијата на претпријатијата, промени во семејствата и слично се означени со поимот:

A

општествени промени на микро ниво

134
Q

Со кој термин го именуваме процесот на преминување од еден кон друг друг тип на организација на општеството кој предизвикува промени на ниво на целото општество, односно промени во културата, економијата, политичката организација на општеството и слично (на пример: премин од командно стопанство какво што има во периодот на социјализмот кон пазарна економија во капитализмот)?

A

транзиција

135
Q

Во која од наведените индустрии започнува првото успешно остварување на планот за обединување на Европа кој е генерално фокусиран на економската интеграција?

A

индустрија за јаглен и челик

136
Q

Која од наведените институции во рамки на Европската унија ја има главната улога во доменот на економијата и монетарната политика?

A

Европска централна банка

137
Q

Која од наведените институции на Европската унија е институција која ги претставува владите на земјите членки на унијата и заедно со Европскиот парламент ја има улогата на законодавец во унијата?

A

Советот на Европската унија

138
Q

Првиот чекор кон европска интеграција беше направен во 1951 година, кога вкупно шест земји создадоа заеднички Пазар за јаглен и челик. Тогаш се роди Малата Европа во која беа опфатени: Франција, Германија (Западниод дел на Германија), Италија, Белгија, Холандија и:

A

Луксембург

139
Q

Која од наведените земји стана земја членка на Европската Унија при нејзиното проширување од 01.05.2004?

A

Словенија

140
Q

Европското движење за обединета Европа на кое присуствувале различни национални европски здруженија, но и познати политичари како Роберт Шуман, Алкид де Гаспари, Пол Анри Спак и Конрад Аденауер е создадено на Европскиот конгрес одржан:

A

во Хаг (Кралството Холандија),1948 година

141
Q

Која од наброените држави кои се дел од Европскиот континент НЕ Е ЧЛЕНКА на Европската унија?

A

Норвешка

142
Q

Која од набројаните институции на Европската унија е институција за која граѓаните на државите членки на унијата директно по пат на избри одлучуваат кој ќе учествува во нејзиното работење?

A

Европски парламент

143
Q

Нашата држава има поднесено барање за членство во Европската унија со кое се потврдувија стратешките и политичките определби на државата а истото се случи на свечена церемонија:

A

во Хаг на 22 март 2004 година

144
Q

Една од институциите на Европската унија ја има улогата на главно извршно тело во рамки на Унијата, односно тоа е институција која е единствен предлагач на законите и е формирана како тело кое ќе го претставува европскиот интерес кој е заеднички за сите земји членки на Унијата. Потоа предлог законските решенија ги усвојува и донесува Европскиот парламент и Советот на Европската унија. За која институција на Европската унија станува збор?

A

Европската комисија

145
Q

Една меѓународна организација има за цел да ги надгледува трговскте договори кои меѓусебно ги склучуват нејзините држави – членки, поточно проверува дали при нивното склучување се почитуваат трговските правила. Тоа го прави преку своите органи и има двојна улога. Првата улога е да ги засили правилата кои важат во меѓународната трговија, а втората улога е да ја овозможи либерализацијата на трговијата што подразбира укинување на ограничувањата во меѓународната трговија и можност за развој на земјите кои имаат послаб развој и економски раст. За која меѓународна институција станува збор?

A

Светска трговска организација

146
Q

„Да се отворат широко вратите и да се исклучи секоја помисла на националните влади дека можат во услови на глобализација да водат сопствена автономна економска политика… На овој услов треба да му се потчини соодветната држава ако сака да добие финансиска помош од страна на Светската банка и помош од монетарните (паричните) фондови. Постоењето на слаби држави е токму она врз што се темели новиот светски поредок“ – (размислувања дадени во едно интервју со познатиот современ социолог Зигмунт Бауман). Размислувањето на социологот Бауман укажува за одредени ефекти од процесот на глобализација кои може да ги именуваме како:

A

Губење на автономија на националните влади, Доминанција на моќните институции, Различен светски поредок

147
Q

Внимателно анализирајте ја сликата! Сликата упатува на одредени промени во рамки на општеството кои се во целост спротивни и различни од спонтаните и постепени (еволутивни) промени во општеството. На сликата е прикажан настан кој предизвикува брзи промени во рамки на Француското општество во XVIII век. Врз основа на приказот (сликата) и даденото образложение одговорете на следните барања:

  1. Со кој термин се именуваат ваквиот вид на општествени промени?
  2. Од социолошка гледна точка поради која причина во општеството настануваат ваквите промени?
  3. Која е целта на ваквиот вид на општествени промени?
A
  1. Револуции
  2. Социоекономска нееднаквост, Политичка несигурност и корупција, Идеолошки и културни фактори
  3. Целта на ваквите видови на општествени промени, односно револуциите, може да биде различна и зависи од контекстот и целите на учесниците во револуцијата. Некои од можните цели вклучуваат: Промена на политичкиот систем или Социоекономска промена
148
Q

Анализирајте ја сликата која е поврзана со две димензии на процесот на глобализација! Истата означуваат одредено доминантно влијание на економски развиените држави, како и доминација на истите држави во поглед на наметнување на одредени културни обрасци на живеење кон земјите во развој и неразвиените земји. Врз основа на анализата и дадените насоки одговорете на следните барања:

  1. Кои клучни промени ги опфаќа економската глобализација?
  2. Какви последици предизвикува културната глобализација?
  3. Поимот за културна глобализација е познат и под едно друго име кое многу често е употребувано од поголем број на социолози? Под кое друго име е позната културната глобализација? Која е причината за тоа?
A
  1. Либерализација на трговијата: Земјите отвораат своите пазари и ги сведуваат тарифните бариери и ограничувањата за трговија, што овозможува поширока размена на стоки и услуги меѓу земјите.
    Раст на меѓународните инвестиции: Компаниите и инвеститорите од различни земји се активни во инвестирањето во странство, што доведува до приток на капитал, технологија и знаење меѓу земјите.
    Развој на меѓународни корпорации: Меѓународните корпорации имаат значаен влијание во глобалната економија и нивната активност и присуство се зголемуваат преку прекуграничните операции и претприемништво.
  2. Хомогенизација на културата: Поради доминантното влијание на економски развиените држави, културните обрасци на живеење, мода, јазик и медиумите се шират во цел свет, што може да доведе до губење на уникатноста и различноста на локалните култури.
    Културна зависност: Неразвиените земји можат да бидат зависни од културните продукти и стиловите на развиените држави, што може да има негативен влијание врз нивната идентитет и местото на локалната култура.
    Културен империјализам: Доминантните културни моќи можат да имаат претензии за универзалност на своите вредности и норми, што може да води до наметнување на нивната култура и угроза за различните културни идентитети.
  3. „мека моќ”. Причината за тоа е што културната глобализација се однесува на ширењето на културните влијанија, идеи и стилови преку комуникација, медиуми и културни институции, што не е примарно базирано на силата и насилствените промени, туку на влијанието и прифаќањето на културниот контент.