ISP Flashcards
Какви тестови можат да се прават со користење на ISP?
Unit, Integration, System tests.
Што претставува влезниот домен на една програма?
Сите можни влезови на програмата.
На што се партиционираат влезните домени?
Влезните домени се партиционираат во блокови. Мора да се избере барем една вредност од секој од блоковите.
Што мора да исполнуваат партицциите?
Дисјунктност и комплетност.
Кои се петте чекори за моделирање на влезниот домен?
- Индентификација на делови кои можат да се тестираат.
- Наоѓање на сите параметри.
- Моделирање на влезен домен.
- Примена на критериум за тестирање за да се изберат комбинации на вредности.
- Избирање на комбинации од блокови за дефинирање на влезни податоци за тестовите.
Што е интерфејс базиран пристам за моделирање на влезниот домен?
Со интерфејс базираниот пристап карактеристиките се изведуваат директно од индивидуалните влезни параметри.
Што е функциски пристап за моделирање на велзниот домен?
Карактеристиките се изведуваат од однесувањето на програмата. Потешки се развивање, но може да резултираат со подобри тестови.
Како се избираат вредности според All Combinations
Од секоја карактеристика мора да се употреби секоја комбинација на вредности (блокови) од нејзината партиција.
Како се избираат вредности според Each Choice
Секој блок од партицијата на една карактеристика треба да учествува во барем еден тест.
Бројот на тестови е онолкав колку бројот на блокови во најголемата карактеристика.
Како се избираат вредности според Pair-Wise?
Вредност од секој блок за секоја карактеристика треба да биде комбиниран со вредност од секој блок за секоја друга карактеристика.
Бројот на тестови е производ на двете најголеми карактеристики.
Т-wise покривање кај кое што сите карактеристики се групирани во една група, станува какво покривање?
Q-wise, т.е All Combinations
Колкав е бројот на тестови кај BCC
Еден основен тест + по еден тест за секој друг блок.