geo Flashcards
- Што е хидросфера,
Водената обвивка на Земјата
- Како е поделена хидросферата?
Океански или морски води(сите океани кои го формираат Светското Море)
Копнени води(подземни води и извори, реки, езера, мочуришта, ледници)
Води во атмосферата (водена пареа, ледени чистици)
Како се делат изворите според издашноста?
Слаби и јаки
Како се делат изворите според температурата на водата?
Ладни и топли
Подземни води
- Во Република Македонија се јавуваат два вида на подземни води: бунарски (фреатски) и артерски поздемни води.
- Бунарските подземни води
најчесто се наоѓаат во котлините, покрај течението на реките( во алувијалните наслаги). Овој тип на извори се снабдуват со вода од врнежите, кои со водни текови се спуштаат по повисоките делови па надолу се до рамнините. Пример водните текови од Шар Планина кои се спуштаат кон Полошката
Котлина.
Во зависност од
подрачјето и од типот на земјиштето, бунарската вода може да се појави на само неколу метри длабочина.
- Се смета дека околу 60% од селските населби и 50% од градските населби се снабдуваат со вода од бунарите. Затоа овој тип на подземна вода е многу значаен.
Артерските подземни води
ги има во котлините, тие се
наоѓаат во растреситиот слој на земјиштето кое лежи меѓу два непропустливи слоја. Оваа вода е постојано под притисок, а на површината излегува само кога ќе наиде на некоја пукнатина во горниот слој. Најголем број на вакви води има во Пелагонија и Струмичко - радовишката Котлина.
Извори
- На територијата на Македонија има околу 1 100 извори со издашност на вода од повеќе од 1 литар во секунда.
*
Најголем дел од нив се наоѓаат во сливот на реката Вардар(80%), потоа во сливот на Црн Дрим(15%) а најмалку во сливот на Струмица (5%).
Поделба на изворитe
Според издашноста
Според температурата
Минералниот состав
Извори според издашноста
- Слаби и јаки
Извори во кој дел се
Најголем дел се во планинските делови на Шар Планина, Бистра, Баба-Пелистер,Јакупица, Јабланица, Осогово и Плачковица.
Најмал дел има во средно Повардарие, во средното сливно подрачје на Пчиња и долниот тек на Брегалница.
* Со ова може да се констатира дека Македонија е сиромашна со изворска вода.
врутоци
врутоци.
Најсилен вруток се наоѓа кај Свети Наум, добива вода од Преспанското Езеро.
> Билјанини извори во околината на Охридкото Езеро.
> Шум во близина на Струга.
>Вевчански извори во Вевчани.
> Вевчански извори во Вевчани.
Карстните врутоци се доста застапени во Полошката Котлина, од кој најпознат е изворот на реката Вардар(Вруток).
Рашче кој се смета за најважен бидејќи од него градот Скопје се снабдува со вода за пиење.
izvori
> Студенчица ги снабдува градовите Кичево, Македонски Брод, Крушево и Прилеп.
Изворот на реката Треска (кај с.Извор).
Изворот на Црна Река (кај с.Железнец).
Изворот на Бабуна(над с.Нежилово).
Извори според температурата
Топлите се користат за капење и за лекување на разни болести.
Ладните се користат за пиење – најпознати се изворите кај Меџитлија и Кременица од кои потекнуваат минералните води “Пелистерка” и “Пела Роса”
Посебно значење имаат минералните води. Тие можат да бидат топли и ладни.
Во групата на термоминералните извори спаѓаат и бањите. Во Македонија има 8 бањи. > Катлановска - Скопска Котлина - 41 до 50°С > Кумановска - Кумановска Котлина - околу 30°С Кежовица - Во близина на Штип – 50°С
> Негорска-Гевгелиска Котлина - 36°С до 40°С Кочанска – Во близина на Кочани – 54°C > Дебарска - Дебарска Котлина - 36°С Косоврасти – Дебарска Котлина – 48°С > Бања Банско - Струмичка Котлина - 72°С