fzf Flashcards
- Што значи зборот филозофија, што претставува филозофијата?
Љубов кон мудроста
Филозофијата претставува поглед на светот и животот изразен преку научни поими
Кои се основни проблеми во онтологијата?
- што е битието/каква е неговата природа
- структурата (квантитетот) на битието
- детерминираноста на битието
Кои се основни проблеми во гносеологијата?
- што е изворот на познанието
2. кои се границите на познанието
Кои се основни проблеми во етиката?
- потеклото на моралот
2. целта на моралното делување
Кои се основни проблеми во логиката?
Принципите на правилната мисла
Кои се основни проблеми во естетиката?
- дали постои објективно мерило на вкусот
Кои се основни проблеми во антропологијата?
- што е човекот
2. која е целта на неговото постоење
Кои се основни проблеми во аксиологијата?
Вредностите
Кои се основни правци во онтологијата?
Материјализам (антички, механички, дијалектички, метафизички), субјективен и објективен идеализам, монизам, дуализам, плурализам, детерминизам и индетерминизам.
Кои се основни правци во гносеологијата?
Емпиризам, рационализам, ирационализам, критицизам, интуиционизам, сензуализам, скептицизам, агностицизам, догматизам, волунтаризам и мистицизам.
Што е емпиризам?
Правец според кој искуството е изворот на сето знаење.
Што е рационализам?
Правец според кој до вистинското знаење се доаѓа исклучиво со умување, чисто мислење (ратио-разум)
Што е агностицизам?
Правец според кој вистината е несознатлива
Што е скептицизам?
Правец кој изразува сомневање во сознавањето на целосната вистина.
Што е догматизам?
Правец според кој е можно вистината да се сознае, таа се сознава одеднаш и целосно (догма-несоменан вистина).
Што е материјализам?
Прваец според кој природата на битието е материјална
Што е субјективен идеализам?
Правец според кој примарна е човековата свест, реалноста е идејна творба на субјектот.
Што е објективен идеализам?
Правец според кој идејата постои како објективна стварност вон и независно од човековата свест.
Кое е првото филозофско прашање?
Прашањето за основата на светот и на целото постоење (архе)
Кои се основните проблеми во космолошкиот период?
прашањата за светот (космосот)
Што е архе?
Прапринципот, праосновата, праначелото на се што постои
Кои се претставници на Милетската школа и што е архе за секој од нив?
Талес (архе: водата), Анаксимандар (архе: апејрон) и Анаксимен (архе: воздухот).
На кои филозофски правци припаѓа филозофијата на Милетските мислители?
Антички (наивен) материјализам, монизам, хилозоизам, детерминизам
Што е хилозоизам?
Гледиште кое верува дека материјата е оживеана, одухотворена, материјата е жива.
Што е апејрон?
Безгранична материјална супстанција која нема ни почеток ни крај. Содржи два пара спротивности – топло/студено и суво/влажно.
Што е архе за Питагора и питагорејците?
Бројот
На кој филозофски правец припаѓа филозофијата на Питагорејците?
Објективен идеализам
Што претставува метемпсихоза?
Бесмртност и селење на душата, преминување на душата во друга форма
Како го поимаат материјалниот свет Питагорејците?
минлив и менлив, конечен и несовршен
Што е архе за Хераклит?
Огнот
Што претставува логосот за Хераклит?
Сеопшта космичка законитост
На што се должи движењето во филозофијата на Хераклит?
На борбата на спротивностите
Кои се основните поими во филозофијата на Хераклит?
Логос, оган, хармонија, вечно движење, разум, борба на спротивности
Кои се претставници На Елејската Школа?
Ксенофан, Парменид и Зенон
Каков став има Парменид за битието и небитието?
Битието е (тоа е едно, вечно, неподвижно, неменливо, постоело отсекогаш и ќе постои засекогаш) додека небитието не е (тоа не може да се замисли, затоа и не постои)
Каков е ставот на Парменид за движењето?
Движењето се појавува и може да се види но тоа не е реално, бидејќи е условено од сетилното спознание, кое е лажно
Кои се главните атрибути на битието за Парменид и Елејците?
Вечно, едно, неподвижно, совршено, неменливо, неделиво
Кое е вистинско, а кое привидно сознание за Парменид?
Сетилното сознание е привидно, а разумското сознание е вистинско
Каков метод користи Зенон за докажување на ставовите?
Апории (сведување на апсурд)
Што е битие, а што небитие за Демокрит?
Битие – атомите , небитие – празен простор во кој се движат атомите
Кои се својствата на атомите?
најситни, невидливи, неделиви
По што се разликуваат атомите меѓу себе за Демокрит?
по големината, формата, редот и положбата
Какво е движењето на атомите во празниот простор?
Праволинсико, по строго определени патеки
Што се еидоли?
Мали сликички кои се одделуваат од предметите и истите ги примаме преку сетилата, ни овозможуваат претстава за светот
Какви видови сознанија постојат за Демокрит, кое е вистинско, а кое привидно?
Сетилно – темно и разумско – вистинско
На кои правци припаѓа филозофијата на Демокрит?
Механички материјализам, детерминизам, рационализам, атомизам
Кој е основниот етички идеал за Демокрит?
Евтимија – духовна ведрина, животна радост, благост во душата. Тоа е спокојство во душата која станала господар на своите страсти
Во што се состои разликата во атомистичкото учење на Демокрит и Епикур?
Епикур вовел концепција за случајност
Што се софистите?
Првите хеленски просветители, патувачки учители
На кој период припаѓаат Софистите?
Антрополошки период
Која е најпознатата мисла на Протагора?
,,Човекот е мера на се; на она што е, дека е, на она што не е, дека не е.’’
Кои се трите тези на Горгија?
- Ништо не постои; 2. Кога нешто би постоело, тоа не би можело да се сознае; 3. Кога нешто би можело да се сознае, тоа не би можело да се пренесе на друг.
На кои филозофски правци припаѓа филозофијата на Протагора, а на кои на Горгија?
Протагора – краен субјективизам и релативизам, сознаен сензуализам; Горгија – нихилизам и скептицизам.
Кои антички филозофи ги критикуваат софистите и зошто?
Сократ, Платон и Аристотел, бидејќи сметале дека тие учеле на манипулација со вистината, користеле намерни логички извртувања со цел да го збунат противникот