Carbohydrate metabolism Flashcards
Кои јаглехидрати не подлегнуваат на процесот на варење?
Јаглехидратите кои поседуваат бета гликозидна врска во својата структура (Пр. целулоза, хемицелулоза и др.)
Споменете ги ензимите кои помагаат во разградувањето на јаглехидратите & нивните локации.
Алфа амилаза или птијалин - специфична за алфа гликозидните врски, заедно со плунката имаат pH= 6.8 - усна празнина.
Птијалин во желудникот се деактивира од pH = 4.0, станува супстрат врз кој дејствува пепсин.
Ензими на панкреасен, тенкоцревен сок, ензими од површината на цревните епителни клетки - тенко црево. Дисахаридази (малтаза, сахараза, лактаза, изомалтаза). Фосфатази - го отстрануваат фосфатот од хексозофосфати, глицерофосфати, нуклеотиди.
Химус - од желудникот се неутрализира од алкалната содржина на панкреасниот сок и жолчката.
Панкреасна амилаза - специфична за алфа 1,4 гликозидна врска - се разградуваат скробот и гликогенот
Кои јаглехидрати најбрзо се ресорбираат?
Глукоза и галактоза
Како се транспортираат ЈХ при ресорпција?
Глукоза и галактоза - активен транспорт со претходна фосфорилација
Фруктоза - олеснета дифузија
Пентози - пасивна дифузија
Kај кои метаболички болести метаболизмот на гликозата е дефектен?
Diabetes mellitus
Obesitas
Интолеранција кон лактоза
Малку/отсуство на лактаза
Бебиња хранети долго време со мајчино млеко - преголемо количество на лактоза која го надминува дигестивниот капацитет на интестиналната лактаза - останатата лактоза предизвикува нарушувања.
Предизвикува ретенција на вода, нејзина ферментација од цревните микроорг. произведува гасови.
Симптоми: грчеви, проливи, надуеност и др.
Дисахаридурија
Зголемена секреција на дисахариди во урина поради недостиг на дисахаридаза.
Малапсорпција на моносахариди
Конгенитален дефект во преносниот механизам на ресорпција
Глукоза и галактоза се ресобираат многу бавно
Гликолиза
Процес во кој глукозата се разградува преку фруктоза 1,6 бифосфат и 3 фосфоглицерат до 2 молекули на: пируват, ATP, NADH, H2O.
Споменете ги фазите на гликолиза
Енергетско инвестирање и енергетско генерирање
Сите меѓупродукти на гликолизата се фосфорилирани соединенија. Кои се 3-те функции на фосфатните групи присутни во соединенијата?
1) Ги прават непропустливи меѓупроизводите низ клеточната мембрана.
2) Служат како места за врзување/препознавање при создавање на “ензим-супстрат комплекс”.
3) Депонираат енергија, на крај стануваат крајни фосфатни групи на ATP во тек на гликолизата.
Енергетско инвестирање Колку ATP се користат, во кои степени? Колку степени има и кои се? Ензимите кои се? Продуктите кои се? Кои се иреверзибилни, кои не се?
Се користат 2 АTP
Степени:
1) Фосфорилација на глукоза - се користи 1-иот АTP. ИРЕВЕРЗИБИЛНА
2) Конверзија во фосфорилирана фруктоза.
3) Пренесување на Pi од АТP врз фруктоза 6 фосфат- се користи 2-иот АТP. ИРЕВЕРЗИБИЛНА
4) Разложување на фруктоза на два ЈХ со по 3 јаглеродни атоми.
Ензими: Хексокиназа/Глукокиназа Глукоза фосфат изомераза Фосфофруктокиназа Алдолаза *Триоза фосфат изомераза
Продукти:
1) Глукоза 6 фосфат
2) Фруктоза 6 фосфат
3) Фруктоза 1,6 бифосфат
4) Дихидроксиацетон фосфат и Глицералдехид 3 фосфат
* Дихидроксиацетон фосфат - Глицералдехид 3 фосфат
Енергетско генерирање Колку ATP се произведуваат, во кои степени? Колку степени има и кои се? Ензимите кои се? Продуктите кои се? Кои се иреверзибилни, кои не се?
Се произведуваат 2 мол АТP, но доколку се надоврзува за гликогенолиза - 3 мол ATP.
Степени:
1) Оксидација и фосфорилација на Глицералдехид 3 фосфат
2) Пренесување на Pi од 1,3 БФГ врз ADP
3) Релокација на Pi од 3-иот во 2-иот С атом
4) Одделување на H2O од 2 фосфоглицерат
5) Пренесување на Pi врз ADP - ИРЕВЕРЗИБИЛНА
Ензими:
1) Глицералдехид 3 фосфат дехидрогеназа
2) Фосфоглицерат киназа
3) Фосфоглицерат мутаза
4) Енолаза
5) Пируват киназа
Продукти:
1) 1,3 бифосфо глицерат (формирање на NADH H+, додавање на Pi)
2) 3 фосфоглицерат и првиот ATP
3) 2 фосфоглицерат
4) Фосфоенолпируват
5) Пируват и вториот ATP
Што треба да му се случи на формираниот NADH H+ од првиот степен на втората фаза од гликолиза и зошто?
NADH H+ треба да се реоксидира во NAD+ со цел одржување на клеточната хомеостаза.
Како се реоксидира NADH H+ во аеробни и анаеробни услови? (Аеробна/Анаеробна гликолиза)
Аеробни услови:
Се реоксидира во респираторниот синџир лоциран во митохондрии. Се генерираат 3 мола АТP. Влезен интермедиерен метаболит - Ацетил КоА (се формира со оксидативна декарбоксилација на пируват).
Анаеробни услови:
Пируват се трансформира или на лактат или на алкохол. Значи NADH H+ се реоксидира во процесот на лактатна ферментација.