Формирање на релјефот Flashcards
Како е настанат релјефот на земјината површина?
Релјефот на земјината површина настанал под дејсво на внатрешните (ендогени) и надворешните (егзогени) сили.
Кои се внатрешните сили?
Притисок, магма и висока температура.
Кои се надворешните сили?
Сонцето, ветерот, дождот, мразот, морски бранови и др.
Под дејство на внатрешните сили се јавуваат?
тектонските движења, вулкани и земјотреси.
На што се делат тектонските движења?
Епирогени и орогени.
Како се движат Епирогените?
Епирогените се движат прилично бавно но по поголема површина.
Што се создава при издигнувањето на тектонските плочи?
континенти
Што се создава при спуштањето на тектонските плочи?
океански или морски басени.
Кои држави се издигнуваат?
Скандинавскиот Полуостров, Гренланд, северните делови на Русија и Велика Британија.
Кои држави се спуштаат?
Холандија.
Како се движат Орогените?
Орогените се движат брзо и интензивно.
Што се создава со Орогените?
планини.
Какви можат да бидат Орогените?
Хоризонтални и Вертикални.
Што се создава со Вертикалните Орогени?
раседи,скалесто земјиште, тимор(хорст) и котлини.
Како настануваат раседите?
Раседи настануваат кога едната страна на раседната линија се спушта, а другата останува непроменета.
Како настанува скалестото земјиште?
Скалесто земјиште се создава кога раседнувањето се издигне (или спушти) по должина на повеќе раседни линии.
Како настанува тимор(хорст)?
Тимор или хорст настанува кога земјиштето се издигнува меѓу два раседа.
Пр за тимор или хорст во Македонија.
Белисица издигната меѓу Дојранската и Струмичката котлина. Фаличица меѓу Охридската и Преспанската котлина.
Како настануваат котлините?
Котлините настануваат кога слоевите меѓу две раседни линии се спуштаат, а околу останува на исто ниво.
Пр за котлини во Македонија.
Полог, Тиквеш, Преспа и Пелагонија.