Стилски фигури (фигури на форма) Flashcards
апозиопеза
Фигура на форма. Прекината реченица, кога авторот не може или не сака да ја заврши реченицата.
прозиопеза
Фигура на форма. Испуштен почеток на реченица. Обично при претставување.
испрекината реченица
Фигура на форма. Станува збор за комплетна реченица, но се изговара со паузи
елипса
Фигури на форма. Испуштање на неважни членови. Обично во фразеолошки изрази и во пословици.
изделување на дел од реченица со црта или со точка
Фигура на форма.
додаден реченичен член
Фигура на форма.
вметнат реченичен член
Фигура на форма. Обично се става во загради, или меѓу црти.
анафора
Фигура на форма. Повторување на првиот збор од реченицата или стихот
епифора
Фигура на форма. Повторување на последниот збор од реченицата или од стихот
палилогија
Фигура на форма. Еден или повеќе збора од крајот на стихот се повторуваат на почетокот на следниот стих.
антитеза
Фигура на форма. Спортивност, споредување кое се заснова на спротивност.
словенска антитеза
Фигура на форма. Застапена во нашето народно творештво. Се состои од прашање, негација на прашањето и одговор.
градација
Фигура на форма. Степенување кое настанува со таков избор на зборови, слики и мисли, со кои се изразува постепено засилување или слабеење од почетната позиција.
полисидентон
Фигура на форма. Кога нижеме сврзувачки зборови без граматичка потреба.
асидентон
Фигура на форма. Кога нижеме зборови без нивно граматичко порвзување.