Специјална Остеологија (главата) Flashcards
Скелет на главата е составен од:
Коски на черепот (ossa cranii)
Коски на лицето (ossa faciei)
Што се случува со коските на главата кај новороденче?
Кај новороденче скелетот на черепот по својата големина го надминува скелетот на лицето.
Со развитокот на органите за џвакање и појавата на забите започнува растењето на скелетот на лицето.
Кои се коски на черепот?
Черепот е составен од горен дел кој го затвора мозокот односно (calvaria) и долен дел каде што лежи мозокот или (basis cranii)
Од кои коски е составен скелетот на черепот?
Составен е од осум коски, 2 парни и 4 непарни
Парни се слепоочната и темената коска
Непарни се: челната, тилната, клинестата и ситестата
Со кој коски се зглобува челната коска?
Челната коска се зглобува со, ситестата, клинестата и двете темени коски а на лицето со јаболчната, носната и горната вилица
Бочни орбитални делови кај челната коска:
Тие учествуваат во градбата на покривот од очите.
Кој делови се разликуваат на челната коска?
Се разликува вертикален дел каде што спаѓа лушпата (squama) и водорамен дел каде што се разликува еден среден дел и два бочни делови
Кои делови се разликуваат кај ситестата коска?
Се разликуваат вертикален и водорамен лист и лабиринти.
Што спаѓа во вертикален и хоризонталниот лист?
Во вертикалниот лист спаѓа (crista galli) која наликува на петлова кикиришка а во висорамниот дел спаѓа (lamina cribrosa) која има бројни отвори за премин на влакненца од мирисниот нерв. И учествува во градбата на покривот од носната празнина
Лабиринти!
Лабиринтите се наоѓаат меѓу орбитата и носната празнина.
Внатрешноста на лабиринтите е поделена на бројни шуплини означени како (sinus ethmoidalis)
Во внатрешната страна се наоѓаат две носни школки: горна и средна
Телото на клинестата коска!
Corpus или телото на клинестата коска наликува на коцка, горната страна наликува на турско седло (sella turcica), насредина се наоѓа хипофизната јама, а долната страна учествува во градбата на покривот од носната празнина.
Предната страна се зглобува со ситестата а задната со тилната
Ala major (os sphenoidale) во што учествува?
Внатрешната страна учествува во изградбата на средната черепна јама
Ala minor (os sphenoidale) во што учествува?
Со горната страна учествува во градбата на предната черепна јама, а со долната на покривот на орбитата
Procesus pterygoideus (os sphenoidale)
Крилест израсток, насочен е надолу и учествува во ограничување на носната празнина.
Што гради тилната коска?
Тилната коска го гради задниот дел од покривот на черепот и задниот дел на черепот
Foramen magnum
Голем тилен израсток кој ја дели коската на 4 дела:
-Преден
-Заден
-2 бочни
Предниот дел од тилната коска!
Базиларен дел се наоѓа пред големиот отвор а неговата горна страна е вдлабната и тука лежи продолжениот мозок и мозочниот мост
Бочните делови од тилната коска!
Бочните делови на долната страна имаат зглобно испакнување наречен (тилен кондил) и се зглобува со првиот вратен пршлен (atlas)
Задниот дел од тилната коска!
Squama occipitalis- е зад големиот отвор и на неговата внатрешна и надворешна страна има тилно испакнување.
Внатрешна и надворешна страна на squama occipitalis
Внатрешната: наликува на крст кој што ограничува 4 јами во кои лежат одделни делови на малиот и големиот мозок (protuberontia occipitalis interna)
Надворешна страна: на средината се наоѓа надворешно тилно испакнување (protuberontia occipitalis externa)
Коскените гребени
Служат за поврзување на задни вратни и грбни мускули
Што гради темената коска?
(Os parietale) или темена коска го гради средниот дел од черепниот покрив
Со кои коски и како се зглобува темената коска?
На средната линија со должина се зглобува со истоименста коска и го формираат сагиталниот шев (sutura sagittalis)
Однапред се зглобува со челната коска со помош на коронорен шев (sutura coronalis)
Одназад се зглобува со тилната преку ламбоиден шев (sutura lambdoidea)
Слепоочна коска, каде се наоѓа и од колку делови е составена?
(Os temporale) се наоѓа меѓу клинестата, темената и тилната коска и е составена од 3 дела: лушпест, тимпатичен и пирамиден