Респираторен систем Flashcards
Што е респираторен систем?
Системот за дишење или респираторен систем е оној дел од нашето тело кое служи за транспорт на воздух или смеса од гасови во најважниот дел - белите дробови и обратно.
Што е респирација ?
Процесот на размена на гасови во нашето тело се нарекува респирација.
Респирација (respiration)е биофизички процес што вклучува вдишување и издишување на воздухот преку белите дробови.
Што е дишење?
Дишењето е биохемиски процес кој вклучува производство на енергија со разградување на гликозата која понатаму ја користат клетките во различни функции.
Какво може да биде дишењето?
Според местото на кое се врши размената на гасовите тоа може да биде:
- надворешно или белодробно дишење и
- внатрешно или ткивно односно клеточно дишење.
Што е белодробно дишење?
Белодробното е онаа дишење кое се одвива меѓу алвеолите и крвните капилари во белите дробови
Што е ткивно дишење?
Ткивно дишење е онаа дишење кое се одвива меѓу крните капилари и ткивото или самите клетки во тоа ткиво.
Колку фази има респирацијата?
Респирацијата има 3 фази:
1. Белодробна вентилација- во која има размена на гасови меѓу атмосферата и воздушните торбички во белите дробови. Таа се врши преку вдишување(инспирација) и издишување(експирација) на воздух.
- Дифузија на гасови - го вклучува патот на кислород од воздушните торбички во крвта и пренесување на јаглеродниот диоксид мадвор од крвта преку белите дробови.
3, Транспорт на кислород во клетките и пренесување на јаглероден диоксид од клетките до белите дробови преку циркулација на крвта.
Од кои органи се состои респираторниот систем?
Респираторниот систем се состои од:
- носна празнина
- голтка(pharynx)
- грклан(larynx)
- душник - трахеа и
- белите дробови заедно со спроводните цевки и воздушните торбички - бронхии, бронхиоли и алвеоли.
Објасни за носната празнина?
Воздухот прво влегува во организмот преку отворите на носот кои се наречени ноздри (носници). Во продолжение на ноздрите, меѓу коренот на устата и краниумот има два простора наречени носни празнини.
Носните празнини се обложени со слузница, која е постојано влажна и топла и богата со крвни садови и клетки што излачуваат големо количество течност.
Зошто треба да се диши преку нос а не преку уста?
Заради носните празнини кои имаат заштитна улога:
- Туѓите тела - правта и микроорганизмите се филтрираат преку влакненцата во ноздрите.
- Воздухот се загрева со крвта што протекува низ слузницата на носната празнина.
- Воздухот се навлажнува од течниот секрет.
.
Објасни за голтката (или Pharynx)?
Низ голтката (pharinx) воздухот се носи во респираторниот тракт, а храната и течностите се носат во дигестивниот систем.
Средниот дел кој е сместен зад устата е наречен усна голтка, а најмалиот дел е наречен гркланова голтка. Последниот дел е отворен во гркланот однапред и во хранопроводникот наназад.
Објасни за гркланот или Larynx?
Гркланот или звучната кутија (larynx) е сместен меѓу голтката и дишникот. Тој е изграден од ’рскавица.
Еден ’рскавичен дел, наречен тироидна ’рскавица се протега во делот напред на вратот, и популарно се вика Адамово јаболко.
Просторот меѓу гласните жици се нарекува глотис. Таму се наоѓа една тенка листовидна ’рскавица што служи како капаче епиглотис. Таа има улога во затворањето на дишникот кога голтаме.
На тој начин се одвојуваат патиштата за воздух и храна при голтањето.
Објасни за дишникот (или трахеата)?
Од гркланот воздухот оди во дишникот (trachea). Тој е изграден од полупрстенести ‘рскавици кои служат да го заштитат. Во својот долен дел се грани на две дишнички гранки бронхии, кои навлегуваат во белодробните крила.
Објасни за бронхиите?
На долниот крај дишникот се дели на две примарни или главни стебла - бронхии, кои влегуваат во белите дробови. Десната бронхија е значително поширока од левата и се протега подолу и влегува многу повертикално во белите дробови. Токму поради тоа, ако туѓото тело се вдиши, тоа многу полесно ќе влезе во десното крило на белите дробови. Секоја бронхија влегува во белодробнотo крило низ цепнатинка (засек) или вдлабнување наречено врата или хилус.
Објасни за белите дробови?
Бели дробови (pulmones) се органи во кои се врши размената на гасовите. Тие се сместени во градната празнина. Секоја бронхија во во белодробното крило се разгранува како дрво, на помали цевчиња - бронхиоли, и личи на стебло, наречено бронхијално стебло.
Во бронхиите има мали ’рскавици кои им даваат стабилност и овозможуваат полесно поминување на воздухот.