Рамно огледало Flashcards
Што е рамно огледало?
Рамно огледало е идеално рамна површина на некои метали како сребро, никел, алуминиум, хром и ја рефлектира поголемиот дел од упадната светлина (до 96 проценти)
Како се прави рамното огледало?
Рамното огледало се прави и со нанесување на тенок слој на метали (сребро, никел, алуминиум, хром) врз рамна стаклена плочка.
Што е лик на предметот?
Точката во која се сечат продлолженијата на рефлектираните зраци.
Каков лик добиваме од рамното огледало?
Имагинарен.
Кое растојание се поклопува кај рамните огледала?
Оддалеченоста на предметот до огледалото и оддалеченоста на ликот до огледалото се поклопуваат и се еднакви. p=l
Кај кои тела е доволно да се определат ликовите на карактеристичните точки на предметот?
Кај геометриски правилните тела.
На што е еднаква големината на ликот на рамното огледало?
Еднаква е на големината на предметот.
Кое својство на огледалото се вика огледална симетрија?
Сликата во рамното огледало се разликува по својството левата страна на предметот што станува десната страна на ликот и ова својство на ликот се вика огледална симетрија.
Каде наоѓа примена рамното огледало?
- Домашна примена
- Низа оптички уреди т.е секаде каде што со помош на рефлексија треба да се заврти даден светлински сноп за определен агол. Еден од таквите уреди е ПЕРИСКОПОТ.
- Наоѓаат примена и кај уредите кај кои треба да се измерат мали агли, на пример: галванометрите со огледала или торзионите терезии за прецизно мерење на сили.
Како се мерат мали агли?
Значи, при мерењето на мали агли се коирсти светлосен зрак (погоден за ова е ласерот) кој се пушта да паѓа врз огледалото. Овој зрак по неговата рефлексија се набљудува на големо растојание. При мало завртување на огледалото насочениот сноп на екранот се рефлектира за знначајни поместувања.
Што доаѓа во израз во овој пример?
Фактот дека кога огледалото ќе се заврти за одреден агол фи, аголот на рефлектираниот сноп е 2фи. Што значи дека аголот на завртување на рефлектираниот зрак е два пати поголем од аголот на завртување на огледалото.