Процесор, градење на податочна патека Flashcards
II колоквиум
Три фундаментални класи на инструкции кои се имплементирани во секој процесор
- Инструкции за работа со меморија: lw , sw
- Аритметичко-логички инструкции: add, OR
- Инструкции за скок: beq , j
Заеднички чекори на инструкциите се
- Преземање на инструкција од меморија од адреса диктирана од програмскиот бројач PC
- Читање најмногу два регистри
- Аритметичка операција (освен jump j
High-level имплементација
- Пред да започне извршувањето на инструкција, операндите мора да се во регистрите
- Извршувањето на инструкцијата започнува со читање на нејзината адреса во програмскиот бројач
- Инструкцијата се презема од меморија
- Операндите (полиња во инструкцијата) се преземаат од регистрите
- АЛУ пресметува резултат (обично собирање, адреса во меморија, и сл)
- Резултатот се запишува во регистар, програмски бројач, или меморија
Што е податочна патека?
- High-level имплементацијата го покажува патот на податоците
- Затоа уште се нарекува податочна патека
- Стрелките го покажуваат текот на податоците
- Сигналните линии можат да се вкрстат.
- Ако вкрстени линии се спојуваат се става точка врз нив.
Што е мултиплексер?
Уредот со кој се врши селекција кои податоци да се достават до АЛУ се вика мултиплексер MUX
Како се контролира работата на елементите од податочната патека?
Работата на елементите од податочната патека се контролира со сигнали
Како управува контролната единица?
Контролна единица управува со податочната патека со помош на сигнали
Како е изградена податочната патека?
Податочната патека е изградена од два типа логички елементи:
* Комбинаторни елементи кои оперираат врз податоците (АЛУ)
* Елементи на состојба (регистер, меморија)
Какви можат да бидат сигналите?
За сигнал кој е логички на високо ниво велиме дека е ”поставен” (англ. аsserted)
За сигнал кој е логички на ниско ниво велиме дека е ”разрешен” (англ. deаsserted)
Дали елемент на состојба може во исто време да се чита и да се пишува во него?
Не.
Што одредува кога може да се чита и запишува во елемент на состојба?
Часовник (такт) одредува кога може да се пишува во него.
Што е рабно активирање?
Рабно активирање - во некои елементи на состојба може да се пишува само на предниот раб или само на задниот раб
Методологија на задавање такт
- Методологијата со рабно активирање им овозможува на елементите на состојбата да бидат прочитани и запишани во истиот такт
- Тактот е контролен сигнал во елементите на состојба
Елементи од податочната патека:
- Инструкциска меморија
- Програмски бројач
- Собирач
- Регистерска датотека
- Аритметичко-логичка единица
- Податочна меморија
- Проширувач со знак
Што е програмски бројач?
Програмскиот бројач ја содржи мемориската адреса на инструкцијата која во моментот се извршува