Прашања за прв колоквиум Flashcards
Кои се глобални фактори за зголемување на атрактивноста за изучување на менаџментот на мал бизнис?
-Зголемување на бројот на малите претпријатија независно од високата стапка на морталитет во првите пет години од основањето,
учество во создавање на БДП,
големо учество во креирање иновации,можности за нови вработувања
,менување на наставните програми и содржини на предметите на економските факултети,
поддржување на иницијативата за основање мали претпријатија од страна на државата и др.
Како се дефинира малиот бизнис според Европската комисија?
- Да биде организација или претпријатие вклучено во економски активности
- Да вработува од неколку до 250 вработени
- Да биде автономно и независно сопствеништво на капиталот
- Да остварува годишен промет од 50милиони евра или помалку или да има биланс на состојба кој не надминува 43 милиони евра
Дефинирај го малиот трговец според Законот за трговски друштва во Република Македонија.
-Мал трговец е трговец кој во секоја од последните две пресметковни години односно во првата година од работењето го задоволил првиот критериум и најмалку еден од следните:
просечниот број вработени врз основа на часовите на работа да е до 50 работници,
годишниот приход да е помал од 2.000.000 евра во денарска противвредност а вкупниот обрт да е помал од 2.000.000 евра во денарска противвредност
,просечната вредност на вкупните средства да е помал од 2.000.000 евра во денарска противвредност.
Што се иновации?
-Иновации се тркало на промени и раст на малите претпријатија и на економијата.
Што претставува стратегиска иновација?
-Стратегиска иновација е процес за изнаоѓање начин да се променат правилата на играта,така што производите на компанијата,способностите и средствата треба да обезбедат конкурентска предност на пазарот.
Што претставуваат екоиновациите?
-Екоиновациите се новина која ја намалува употребата на природни ресурси и го намалува ослободувањето на штетни супстанци.
Кои се придобивки од екоиновациите во претпријатијата во Европа?
-Замена со матријали кои помалку загадуваат,
подобро рециклирање отпад,
намалена емисија на CO2,
намален потрошувачка на материјали по единица производ,
намалено загадување на почва,вода,воздух,
намалена потрошувачка на енергија по единица производ.
Кои се ограничувачки фактори за работење на малите претпријатија?
Технолошка конкуренција, ценовна конкуренција, нови конкуренти на пазарот, граничена побарувачка на пазарот регулаторна рамка, недоволно финансирање, потребни инвестиции во опрема, застарени производи, губење на постојните кадри, ои др.
Кои фази го сочинуваат животниот циклус на малите претпријатија?
-Појавување,егзистирање,успех,ресурсна зрелост и полетување.
Објасни ја фазата појавување!
-Оваа фаза се однесува на размислувањето на поединец да основа мало претпријатие и да започне со бизнис.Новото претпријатие започнува со новиот деловен потфат на сопственикот.
Објасни ја фазата егзистирање!
-Во оваа фаза бизнисот почнува да функционира.Главниот фокус на сопствениците е насочен кон опстанокот.
Објасни ја фазата успех!
-Во оваа фаза претпијатието бележи раст,а се зголемува и комплексноста на бизнисот.Сопствениците на бизнисот во оваа фаза треба да донесат одлука дали да ги искористат достигнувањата и да се прошират или да се одржи претпријатието профитабилни и стабилно.
Објасни ја фазата ресурна зрелост!
-Во оваа фаза претпријатието доживува пазарен успех и финансиска стабилност.Продажбата и профитот се стабилни во текот на неколку години.Една од потешкотиите е да не станат безгрижни.
Објасни ја фазата полетување!
-Полетување се случува доколку бизнисот бележи исклучителен раст.Предизвици можат да произлезат од брзиот раст,особено кога компанијата не е подготвена за тоа.
Што се газели?
-Газели се бизниси кои остваруваат минимум 20 проценти пораст на продажбата секоја година за време на истражувањето и остварен приход од најмалку 100.000 американски долари.
Кои се ограничувачки фактори на растот на брзорастечките претпријатија?
-Ограничена побарувачка на домашниот пазар,
ограничена достапност на соодветни нови кадри,
недостиг на фискални стимулации,
регулаторна рамка,
потребни инвестиции во опрема,
нови конкуренти,
недоволно финансирање и др.
Кои се најважни индикатори на растот на брзорастечките претпријатија?
-Апсолутен пораст,релативен пораст и Birch Index
Што претставува апсолутен пораст?
-Aпсолутен пораст го мери порастот на приходот или порастот на број на вработени како разлика меѓу големините во првата и последната година.
Што претставува релативен пораст?
-Релативен пораст го мери порастот во приходот или порастот на број на вработени како делење на големините во првата и последната година.
Што претставува Birch Index?
-Birch Index го мери порастот во приходот или порастот на број на вработени како комбинација и множење на апсолутните и релативните индикатори на пораст.
Кои се препознатливи карактеристики на малите претпријатија?
-Флексибилност, непосредност во деловните односи, можност за вработување, менаџмент на една личност, ограничен обртен капитал и независнот.
Објасни ја флексибилноста на малите претпријатија
-Флексибилноста означува способност на малото претпријатие да ги менува активностите и брзо да реагира на промените на локалниот пазар.Од друга страна претставува преземање на брза корективна акција на веќе донесените одлуки.Содржински флексибилноста означува менување на активностите во врска со промените на пазарните услови и брзо приспособување на капацитет на промени во побарувачката.
Објасни ја карактеристиката непосредност во деловните односи
-Сопственикот има блиски интерни односи со вработените и непосредни екстерни односи со потрошувачите,доставувачите и банките