Електростатика Flashcards
Да се дефинира со текст воопштениот Гаусов закон. Кое својство на линиите на електростатското поле го изразува овој закон?
Вкупниот излезен флукс на векторот на електричното поместување низ произволна затвроена површина во произволна средина
е еднаков на сумата на електричните полнежи опфатени со површината.
Како се дефинира линија на вектор на јачина на електрично поле и кои и се особините?
Линија на вектор на јачина на електрично поле се дефинира како замислена линија повлечена на таков начин да тангентата во секоја нејзина точка е со правец
еднаков на векторот на електричното поле во таа точка. Особини: линиите на векторот на електричното поле се непрекинати,
секоја линија во електростатичкото поле има почеток на позитивнот полнеж и крај на негативниот, линиите никогаш не се сечат.
Услови за електростичка рамнотежа:
- При електростатичка рамнотежа нема вишок електични полнежи во внатрешноста на спорводникот. ( Q = 0 )
- При електростаичкка рамнотежа електричното поле во внатрешноста на спроводникот е еднакво на нула. ( Е = 0 )
- При електорстатичка рамнотежа на површината на спроводникот постои само нормална компонента на електричното поле односно Етан = 0 .
- При електростатичка рамнотежа потенцијалот на површината и внатрешноста на спорвоникот е константен (V = 0 )
Поларизација:
појавата на макроскопски број насочени електрични диполи во диелектриците се нарекува поларизација на диелектриците.
Капацитивност:
Капацитивноста на кондензаторот квантитивно ја изразува способноста на кондензаторот да складира ел. полнеж за исти вредности на напон помеѓу неговите електроди.
Што претставуваат еквипотенцијалните линии? Како се поставени еквипотенцијалните линии и како се менува потенцијалот во насока на векторот на јачина на електрично поле?
Еквипотенцијални линии се пресек на еквипотенцијални површини со рамнината. Тие се секогаш нормални на линиите на елктричното поле. Потенцијалот расте во насока спротивна
од насоката на електричното поле.