Градба На Бубрег Flashcards
1.Бубрежна капсула
Обвивка од масно ткиво, служи за прицврстување на бубрезите за телесниот ѕид и амортизација од потреси. Целиот бубрег е обвитксн со тенко сврзно ткиво кое го држи бубрежното ткиво стегнато
- Бубрежна кора
Се наоѓа под бубрежната капсула и ја содржи главната тежина на бубрегот. Содржи МАЛПИГИЕВИ ТЕЛЦА. Тие се изградени од БОВМАНОВА капсула, гломерулус, и почетните делови од бубрежните каналчиња
- Бубрежна срцевина
Се наоѓа под кората. Во неа се влеваат каналчињата од кората во собирни каналчиња. Собирните ксналчиња се групираат во 10-12 пирамиди кои на врвот се отвараат во бубрежни чашки. Тие се прошируваат во големи бубрежни чашки кои се надоврзуваат на бубрежното легенче.
- Бубрежно легенче
Е дел од бубрегот кој продолжува во мочоводите, од нив урината се носи до мочен меур и се екскретира преку мочен канал